Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство

Објавено August 20, 2025 17:43
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за општините каде се правеа дополнителни мерења и анализи, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на увид на градежните работи во „Анфенол“ во Кочани.

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, потенцираше Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со независните кандидатури за локалните избори, премиерот кажа дека тие како Влада направиле се за да обезбедат сите да бидат задоволни.

Јас не знам што треба како Влада да им се направи за да им се погоди на некои луѓе? Порано велеа многу потписи требаат, сега велат малку потписи се. Не знам што ние како Влада треба да направиме за да обезбедиме сите да бидат задоволни. Тоа е невозможно. Ова е резултат на Уставниот суд којшто поништи два члена, не се усвоија измените во Изборниот законик во рамките на Парламентот и сега таа е реакцијата и јас не знам што можеме ние како Влада повеќе од ова да направиме, рече Мицкоски.

Во однос на пратениците потребни за „бадентер“ во Собранието, премиерот кажа дека ДУИ после 20 години е во опозиција и оти е очигледно дека во рамки на нивната структура имаат големи проблеми и се обидуваат со одредени трикови да прават притисок да бидат повторно во Владата.

Мислам дека јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, така што ние продолжуваме по патеката на реформи, испорака за граѓаните, чесна, напорна, посветена работа… Еве веќе 14 месеци оваа Влада стабилно функционира, јавноста може да види дека тоа што во минатото значеше корупција, криминал на дневна основа, тоа веќе не е пракса, односно воопшто нема таков тип на девијантно однесување, рече Мицкоски кој беше во посета на кочански „Анфенол“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Починал 39-годишен вработен во магацинот каде што работел
Следна Статија Девојка со посебни потреби нападната во хотел, насилникот приведен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош

Во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од нашиот буџет —…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Томовски: СДС да не штити приватни бизнис интереси вредни половина милион евра, Антикорупциска да отвори случај

Ја разбирам нервозата во редовите на СДС која потекнува не само поради политичката неинвентивност и алчност, туку пред сѐ, поради…

January 22, 2025
ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Да се истражи поврзаноста на Филипче и Заев со фирмата од која беа запленети 30 тони дрога

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека на виделина излегла поврзаноста на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот…

February 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?