Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли
ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли

Објавено August 21, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Директорот Гоце Димовски заедно со амбасадорот во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски денес во Загреб оствари средба со Матија Шешок, претседател на управниот одбор на хрватската компанија Елка, која е дел од Искра групацијата. На средбата се разговараше за потенцијалните можности за изградба на нова фабрика за електрични кабли во рамките на ТИРЗ, која би била специјализирана за производство на високонапонски до екстремно високо напонски кабли.

Директорот Димовски ги посочи можностите кои ги нуди Македонија како држава, односно ТИРЗ, со посебен акцент на поволната бизнис клима и актуелните политики, земајќи предвид дека државата е лидер во регионот кога станува збор за странските директни инвестиции.

Како земја нудиме најразлични поволности за странските инвестиции кои носат додадена вредност во нашата економија, моментално сме и рангирани како една од првите шест земји лидери во светот кога станува збор за странските инвестиции. Оваа нова потенцијална инвестиција е значајна од повеќе аспекти, земајќи предвид дека ова би била првата фабрика надвор од Хрватска со што ќе се унапреди и позицијата на Македонија на мапата на СДИ – истакна Димовски.

Претседателот на управниот одбор на Елка, Матија Шешок, нагласи дека Македонија претставува стабилен партнер со предвидлива деловна клима.

Препознаени сме како водечки производител на електрични кабли во Централна и Источна Европа со силна посветеност на квалитет и иновации, како единствен производител на среднонапонски и високонапонски кабли во регионот. Верувам дека новата потенцијална инвестиција ќе има силно влијание врз технолошкиот и одржлив развој на Македонија, како и зголемувањето на извозот – кажа Шешок.

Основана во 1927 година, компанијата Елка има богато наследство од речиси еден век во индустријата за електрични кабли. Производствениот погон, сместен во Загреб, работи од крајот на 1970-тите, заземајќи огромна површина од 88.000 м², со годишни капацитети што овозможуваат производство на 25.000 тони готови производи. Во јули 2021 година, по одобрение од органите за конкуренција во Хрватска и Словенија, компанијата ЕЛКА стана дел од групацијата ИСКРА, што го означи почетокот на нов циклус на континуирани инвестиции, развој и раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Сеул постави холограм на полицаец во парк: криминалот се намали за 22 проценти
Следна Статија Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

МИЦКОСКИ: Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите на ниво на кое што беа пред покачувањата

Откако дел од трговците ги качија цените на основните продукти кои не се дел од новогодишната кошничка, премиерот Христијан Мицкоски…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација

Германците се сè повеќе вознемирени поради продолжената економска криза и општата неизвесност, поради што го отвораат паричникот сè поретко –…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светска премиера на Toyota GAZOO Racing и Lexus: GR GT, GR GT3 и Lexus LFA Концепт

Иновативни спортски автомобили кои ги потенцираат врвните инженерски вештини на Toyota

December 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти

Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на својата фискална состојба преку…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?