Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4
ХРОНИКА

Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4

Објавено August 21, 2025 15:42
Сподели
Сподели

Пожарот во Карпош 4 е целосно локализиран, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али. Дел од екипите на Бригадите за противпожарна заштита се сеуште на терен.

Претходно директорот на ЦУК информираше дека во пожарот беше зафатен поранешен објект на Макотекст, фирма на улица Никола Парапунов покрај Кејот на Вардар, кај мостот Обединети Нации, како и дека се работи за стар објект. Во еден мал дел од објактот има сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии.

Али посочи дека воздухоплов на Дирекцијата за заштита и спасување исфрлил вода над пожарот враќајќи се од извршување на задача за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше. Пилотот го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над запалениот објект. Пожарот го гасне неколку екипи (10 пожарникари) на Бригадата со повеќе (пет) противпожарни возила.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов претходно информираше дека во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командирот на единицата Звонко Томовски, како и дека нема информации за повредени или настрадани лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лукровски „Со љубов за Карпош“: Транспарентно носење ДУП-ови во интерес на граѓаните
Следна Статија Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР, ја враќаме довербата на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67годишна возраст. Минов во два мандати…

October 8, 2025
ХРОНИКА

Пронајден е мртов скопјанец кој бил исчезнат од почетокот на март

38-годишен скопјанец, кој на 3 март бил пријавен како исчезнат, вчера е пронајден мртов во напуштен објект во општината Аеродром,…

March 30, 2026
ХРОНИКА

Врховниот суд ја укинал пресудата за дрога за Васил Јованов уште пред тој да признае вина за прегазувањето на Фросина

Врховниот суд на 7-ми мај ја укинал пресудата со која Васил Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци…

May 14, 2025
ХРОНИКА

Кривичен суд: Судот не е виновен за црните сообраќајни точки, не може судија да претпостави дека обвинетиот ќе изврши друго кривично дело

Основниот кривичен суд Скопје, во кој судијката Даниела Алексовска-Стојановска на неосудуваниот 20-годишен Васил Јованов му изрекла пресуда – упатување во Воспитно-поправен дом за продажба на дрога –…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?