Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експерти од странство ќе проверуваат дали се извршувале непотребни операции за профит, по укажувањето на кардиологот Кедев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Експерти од странство ќе проверуваат дали се извршувале непотребни операции за профит, по укажувањето на кардиологот Кедев
ЗДРАВЈЕ

Експерти од странство ќе проверуваат дали се извршувале непотребни операции за профит, по укажувањето на кардиологот Кедев

Објавено August 21, 2025 15:47
Сподели
Сподели

Експерти од странство, кардилози и кардиохирузи, но не од регионот, туку од Европа ќе проверуваат дали во Македонија се извршувале непотребни операции за профит, по укажувањето на кардиологот Сашко Кадев дека во приватни здравствени установи наводно се вршеле непотребни медицински операции, стентирања и отворања на граден кош на пациенти само за заработка.

Азир Алиу, министер за здравство на денешната прес-конфренција кажа дека од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации.

Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела и ќе пуштиме писмо до сите приватни здравствени институции од 15-ти наредниот месец да мора задолжително да ги отворат базите за да може ние да ги агрегираме сите постоечки информации што се таму во нивните институции. Ова е право на државата. Бидејќи секој граѓанин директно или индиректно придонесува кон здравствениот систем во државата и кон Фондот и затоа, ние мора да бидеме во тек со здравствената патека на секој граѓанин на нашата Република, изјави Алиу, одговарајќи на новинарско прашање колку итни се контролите што ги најави МЗ, дали ќе го знаеме составот на тие тимови и колку ќе биде транспарентен целиот процес за јавноста по изјавите на кардиологот Сашко Кедев, дека се прават непотребни операции и стентирања.

Тој појасни дека веднаш по изјавата на професорот Кедев, била креирана интерна комисија во Министерството за здравство, сè со цел да ги анализираат сите можни протоколи и индиции што произлегле од таа изјава.

И заклучивме како Министерство за здравство да направиме комисија за стручен надзор што ќе се состои од експерти од странство. Кога велиме експерти од странство, сакав таа комисија да биде навистина независна и тој извештај од таа независна комисија да ни е патоказ за понатаму, ако има такви индиции – се потврдуваат истите, да може да се отстранат, изјави Алиу.

На прашање дали би се соочиле со некакви реперкусии приватните установи, доколку се потврдат информациите на кардиологот Кедев, министерот рече дека кога ќе биде готов извештајот на експертите, „тој ќе биде добар патоказ за што понатаму, дали ќе треба да се измене некој закон, дали ќе треба да се направи некој друг стандард, некој друг протокол за здравствената патека“.

Сега, засега, не би можел да одговорам. Но, можам да ве уверам дека тој извештај ќе биде јавен и од тој извештај ќе произлезат активности поврзани со Министерството за здравство, нагласи Алиу.

Тој кажа дека стручната комисија ќе биде со експерти коишто нема да бидат од земјите од соседството. Комисијата ќе биде составена од тројца членови, сите од различна држава, за да не се појави некаков сомнеж. Единствена дилема на правната служба кај нив била, вели, како може да се платат и дали може да се платат тие експерти, бидејќи сме во предизборен период.

Ако не е возможно од Министерството за здравство, ние ќе бараме помош и веќе тоа како опција го почнавме, со надворешни институции со кои соработуваме. Како и да е, оваа процедура ќе мора да оди по брза постапка, додаде Алиу.

Контроли ќе прават, како што рече министерот, според индикациите, при што ќе се почне од приватните здравствени институции, но, исто така, ќе се продолжи и во јавните здравствени институции што се занимаваат со истата проблематика.

Тој кажа дека имаат база на информации од 2019 до 2025 година за сите кардиолошки интервенции што се направени и во приватните и во јавните здравствени институции.

Кажа дека петте институции што се занимаваат со оваа област се ЈЗУ Специјална болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија, ПЗУ „Аџибадем Систина“ и ПЗУ „Жан Митрев“ – Скопје.

Во 2025 година, според инфромацијата што ја споедли министерот Алиу, досега во Охрид биле извршени 493 кардиолошки интервенции, 105 во Државна кардиохиругија, 1.488 во Кардиологија, 531 во „Систина“, и 939 во „Жан Митрев“.

Во врска со редовни и вонредни контроли, било разговарано и со претставници од Лекарската комора.

Министерството за здравство има информации само за пациенти кои се покриваат од Фондот. Но, немаме информации воопшто за пациенти коишто Фондот не ги покрива, а впрочем, тие се исто така, граѓани на нашата држава. Целокупната информација, работа, на тие приватни институции и државата да има увид, впрочем, е и заради ова, додаде тој, одговарајќи на новинарско прашање.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеск соопшти дека во изминатите четири години не е евидентирана ниту една претставка од пациенти за извршени непотребни медицински интервенции.

Од Фондот информираат дека по сопствена иницијатива биле спроведени девет контроли во приватни здравствени установи во врска со средства што биле наплатени приватно.

Во соопштението се посочува дека ФЗО нема надлежност да ја оценува медицинската оправданост на изведените процедури, ниту да врши инспекциски надзор над стручната работа на здравствените установи. За тоа се надлежни Државниот здравствен и санитарен инспекторат, како и посебни комисии кои ги формира Министерството за здравство.

Министерот на новинарско прашање потврди и дека ќе има средба со др. Сашко Кедев.

Доктор Кедев е дел од нашата институција, така што ќе имаме средба. Приоритет во овој период ни беше да се анализираат тие индиции, дали има нешто досега што е нотирано во Министерството за здравство. Можам да ве информирам дека од анализите направени од внатрешната комисија во Министерството, немаме такви индиции досега архивирани или податоци што се јасно читливи, одговори министерот.

Алиу нагласи дека нема да се брза со целата постапка.

Сакам да ве уверам дека нема да брзаме во оваа постапка заради времето или сензации, ќе одиме чекор по чекор, но, тие чекори мора да бидат јасно дефинирани и од тие чекори мора да произлезат јасни извештаи што нема да бидат општи, туку ќе бидат прецизни, нагласи министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун, лишени од слобода две лица
Следна Статија Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Денеска пристигнала дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија

Дел од терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје стигна денеска, информираше министерот за…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Стручни комисии ќе ја испитуваат смртта на близначињата и деветгодишното дете

Иницирани се комисии за стручен надзор за смртта на близначињата и деветгодишното дете во државава, потврдуваат од Министерството за здравство…

January 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе

Планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”, се одржа вчера во Скопје.…

November 4, 2024
ЗДРАВЈЕ

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?