Климатските промени ги преполовуваат годишните приноси на мед. Пчеларите од охридскиот регион велат има пчеларници кои годинава имаат дури и 100 процентна загуба па се откажуваат од производство.
Државата дава поддршка од 10 евра по пчелно семејство, но според пчеларите потребно е зголемување, воведување субвенциии во опрема за мотивација на нови пчелари, како и намалување на минималниот праг за аплицирање во ИПАРД програмите.
Дополнителен проблем им прави продажбата на лажниот фалсификуван мед, кој ги преплави пазарите низ целата држава. Поголемиот дел е неприроден, најчесто гликозен сируп, со сомнителен состав, кој е тешко да се препознае со голо око па граѓаните наместо мед конзумираат шеќер.
Од здруженијата бараат државата да ги засили контролите и да се казнуваат сите кои за брз профит манипулираат со купувачите.