Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хари Кејн со хет-трик го „распарчи“ Лајпциг, Баерн стартува со спектакуларна победа (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Хари Кејн со хет-трик го „распарчи“ Лајпциг, Баерн стартува со спектакуларна победа (ВИДЕО)
СПОРТ

Хари Кејн со хет-трик го „распарчи“ Лајпциг, Баерн стартува со спектакуларна победа (ВИДЕО)

Објавено August 23, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Баерн беа повеќе од убедливи на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион на Германија го пречека тимот на Лајпциг и го декласира со 6:0.

Традицијата продолжи, бранителот на титулата речиси никогаш не ги губи натпреварите што вообичаено ги игра на отворањето на новата сезона.

Исто беше и сега, бидејќи Баерн не остави ниту една шанса за тимот од Лајпциг, за да можат да се вратат од Минхен со бодови.

Од почетокот на натпреварот, домашниот тим го наметна својот ритам и агресивно го нападна голот на гостите.

Лајпциг успеа да издржи до 27-та минута кога Микеал Олисе го совлада Петр Гулачи. Само пет минути подоцна, по една од најдобрите акции на Баерн на овој натпревар, која беше украсена со атрактивно додавање на Серж Гнабри, а ја заврши со гол Луис Дијаз.

До крајот на првото полувреме од натпреварот, Олисе го постигна својот втор гол на натпреварот по нова асистенција од Гнабри.

Второто полувреме го одбележа само еден човек, Хари Кејн.

Најдобриот стрелец минатата сезона, не можеше подобро да ја започне новата натпреварувачка гсезона, бидејќи веќе постигна хет-трик во првиот натпревар.

Во второто коло, Баерн ќе игра против Аугсбург во мало баварско дерби, додека Лајпциг ќе го пречека Хајденхајм на домашен терен.

https://youtu.be/cFCiGAELd_A?si=4K_jZyKWPd73Eq7p

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови теории за коронавирусот: Познат научник со шокантни тврдења за вакцините, карантинот, создавањето
Следна Статија (Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Американска мечувалка одби да се натпреварува против трансродова противничка (ВИДЕО)

Учесничката на турнирот во мечување Стефани Тарнер беше дисквалификувана од натпреварувањето бидејќи одби да се натпреварува против трансродна противничка, соопшти…

April 5, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Ноле плачеше во Атина, еве зошто

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го победи Алехандро Табило во второто коло на АТП турнирот во Атина, а по…

November 6, 2025
СПОРТ

ВАДА бара Јаник Синер да биде суспендиран

Портпаролот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Џејмс Фицџералд потврди дека барањето на ова тело е да биде суспендиран светскиот тенисер…

February 15, 2025
СПОРТ

Да го послушавме Заев сега ќе ја имавме големата награда на Муртино

Македонија навистина не знае да ги цени своите инвеститори. Формула 1 откажа две трки, во Саудиска Арабија и Бахреин поради војната…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?