Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Обезбедивме 70 километри патна инфраструктура, изградивме над 20 спортски терени и обезбедивме градинки за згрижување на сите дечиња во Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: Обезбедивме 70 километри патна инфраструктура, изградивме над 20 спортски терени и обезбедивме градинки за згрижување на сите дечиња во Кисела Вода
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Обезбедивме 70 километри патна инфраструктура, изградивме над 20 спортски терени и обезбедивме градинки за згрижување на сите дечиња во Кисела Вода

Објавено August 23, 2025 14:05
Сподели
Сподели

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел дискусијата имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој образложи што е направено изминатите 4 години за општината односно ги истакна клучните проекти кои се направени изминатиот период како вложувањето во патната инфраструктура, изградба на градинки, инвестирање во образованието со изградба на основни училишта и спортски терени, притоа истакнувајќи дека сето тоа искуство ќе го пренесе и за градот Скопје.

„Во минатото имавме еден затворен однос од институциите, ниту пак некој ни подаде рака различна е состојбата од кога се направија промени на централно ниво, откако претседателот Христијан Мицкоски е на чело на Владата на Република Македонија. Еден од најгорливите проблеми за нашето население во Кисела Вода, особено за младите брачни парови, беше недостатокот на места во градинките, ние ја наследивме општината со над 450 дечиња на листите на чекање. Во финална фаза ни е градинката во Потстаница, се потрудивме во изминатиот период да во секое населено место да обезбедиме објект во којшто ќе бидат згрижувани дечињата и практично листите од 450 ги сведовме на нула, што е сериозен прогрес. Што се однесува до основното образовани и инвестициите таму, во моментот сме во фаза на доградба на две основни училишта, каде што нашата интенција води кон тоа и од аспект по практично да биде за родителите но и од аспект на заштеди на институциите, особено за општината и основните училишта , да воведеме едносменско работење на сите основни училишта“, вели Ѓорѓиевскки.

Ѓорѓиевски истакна дека се изградени многу спортски терени и дека е направена модерна, современа патна инфраструктура како и дека е решен проблемот со дивеењето урбаната мафија во Расадник, со тоа што се поништени 99 маркици за градба.

„Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе 4 години во општина Кисела Вода, во моментов се градат три нови спортски сали и четири се целосно реконструирани. 70 километри патна инфраструктура имаме за четири години во Кисела Вода, создадовме модерна современа патна инфраструктура и сите населени места бидат обезбедени со подземна инфраструктура, тоа подразбира водоводна и одводна мрежа. Она што претставуваше горлив проблем во минатото беше и дивеењето на урбаната мафија, јас бев еден од ретките кој што спроведе Меѓународен конкурс за идејно решение за деталниот урбанистички план во Расадник и поништивме 99 маркици за градба таму“, рече Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата
Следна Статија Се урна украински МиГ-29, пилотот загина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра

Советот на Општина Струга донесе одлука да го продаде службеното „ауди А6“ набавено во мандатот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко.…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бугарските служби преку нивни медиуми водат хајка против Мицкоски

Oткако премиерот Христијан Мицкоски ја извади на чистина вистинската намера на бугарските власти со носењето на срамната резолуција на Европскиот…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Професор Иван Саша Шихан: Македонија е пример за тоа како земјите во регионот можат да соработуваат со западните сили

Некои земји во регионот избраа поинаков пат, служејќи како модел за западната соработка во развојот на инфраструктурата, ова го истакна…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија

Златен медал за Македонија освои Алексиј Тасиќ, а сребрен – Дамјан Давков на 66. Интернационална олимпијада по математика што се…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?