Мајорот Серхиј Бондар, пилот на борбениот авион МиГ-29, загина за време на подготовката за слетување по завршената борбена мисија во ноќта меѓу 22 и 23 август.
Информацијата ја објавија украинските воздухопловни сили.
„Пилотот на борбениот авион МиГ-29, мајор Серхиј Бондар, 46, загина за време на подготовката за слетување“, соопштија воздухопловните сили.
Засега се собираат информации за причините и околностите на несреќата.