Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кандидатите за градоначалници и советници ќе имаат пристап до платено рекламирање на 329 медиуми низ државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кандидатите за градоначалници и советници ќе имаат пристап до платено рекламирање на 329 медиуми низ државата
МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за градоначалници и советници ќе имаат пристап до платено рекламирање на 329 медиуми низ државата

Објавено August 23, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Кандидатите за градоначалници и советници на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Од вкупно пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми и интернет портали. ДИК одобри рекламирање на 33 телевизии, 42 радиостаници. Осум печатени медиуми и 246 интернет портали, на кои ќе се рекламираат кандидатите и советниците.

„Пристигнаа 352 барања за упис во регистерот, а до ДИК беа доставени и 399 ценовници за платено политичко рекламирање. По обработката, запишани се 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. Барањата на 22 правни лица беа отфрлени како неуредни или ненавремено доставени. Станува збор за две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали. Дополнително, доставени се два ценовници без соодветни барања, кои исто така се отфрлаат како неуредни,“ изјави членот на ДИК, Светлана Карапетрова, на денешната 131. седница.

Буџетот за одржување на локалните избори изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.

Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември. Ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се урна украински МиГ-29, пилотот загина
Следна Статија Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти, Македонија во моментов е огромно градилиште, само во општините има над 1200 активни проекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027

До крајот на 2027 година треба да биде завршена и пуштена во употреба Универзалната сала. До петок ќе биде распишан…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЕУ во континуитет покажува неправедност кон нас

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека земјава е недвосмислено определена да продолжи по евроинтеграцискиот…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уште едно македонско семејство е евакуирано од Тел Авив: Мајка со три деца слета безбедно во Атина

Четири македонски државјани (мајка и три деца), вчера беа евекуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина, соопшти…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?