Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Туристки изеле пица и избегале од ресторан во Италија – сопственичката сама им влегла во трагата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Туристки изеле пица и избегале од ресторан во Италија – сопственичката сама им влегла во трагата
ЗАБАВА

Туристки изеле пица и избегале од ресторан во Италија – сопственичката сама им влегла во трагата

Објавено August 24, 2025 09:56
Сподели
Сподели

Сопственичка на италијанска пицерија стана херој на социјалните мрежи откако лично ги пронајде и им наплати на двете туристки кои се обидоа да избегаат без да платат.

Микела Малатини, сопственичка на пицеријата Ai Due Re, користеше снимки од безбедносни камери и моќта на социјалните мрежи за да им предаде сметка од 44 евра на две Французинки, пишува The Guardian.

Двете Французинки вечерале во ресторанот во Чивитанова Марке, град на јадранскиот брег, каде што нарачале две пици и четири Аперол Шприца. Откако направиле сметка од 44 евра, тие едноставно си заминале. Сопственичката им раскажала на локалните медиуми дека пристигнале без резервација. „Кога дошло време да платат, тие станале и полека излегле низ вратата“, рекла таа.

Бркање со помош на социјалните мрежи

Нивното бегство можеби ќе било успешно доколку пицеријата не била опремена со безбедносни камери. Малатини го објави видеото на Фејсбук, а со помош на коментарите на корисниците, брзо ги лоцирала туристките во изнајмен стан во истиот град. Следното утро, Малатини лично отишла во апартманот, затропала на вратата и ги разбудила гостите за да им ја предаде сметката. „Двете жени беа многу услужливи и веднаш ги предадоа парите без никаков протест“, ѝ рекла таа на Кроначе Мачератези.

„Не е до парите“

Сопственичката објаснила дека ова не е нејзин прв ваков случај, но овој пат не сакала да се откаже. „Не е до парите; не сакаме да бидеме искористени. За жал, вакви ситуации се случуваат сè почесто“, рекла таа, додавајќи дека гостите кои се обидуваат да си заминат без да платат ги омаловажуваат напорите на нејзиниот персонал. „Тоа е шлаканица во лицето на нашата работа“, нагласи таа. Малатини додаде дека камерите за надзор и долгогодишното искуство помагаат во идентификувањето на потенцијални измамници.

Нејзиниот потег предизвика лавина од позитивни коментари на социјалните мрежи, каде што корисниците ја пофалија нејзината „генијалност“ и „храброст“. „Браво!“ е само еден од многуте коментари за поддршка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Плусинфо: Дали кампањата на Османи ја води вработен во МНР?
Следна Статија Најубавите луѓе се родени под овие 4 хороскопски знаци, ѕвездите им дале убавина, шарм и привлечност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Лекарите предупредуваат за вистинската состојба на Брус Вилис: „Повеќе не покажува емоции“

Поранешната сопруга на Брус Вилис, Деми Мур, минатата недела објави нови фотографии од актерот за неговиот роденден. Но, се чини…

March 28, 2025
ЗАБАВА

Убиецот на Џон Ленон по 45 години: Го убив за да бидам познат, само скријте ме некаде под тепих

Марк Дејвид Чепмен, кој го уби Џон Ленон, рече дека го убил од патетична желба да биде некој. Тој ова…

October 22, 2025
ЗАБАВА

Taмара Вучиќ во пролетна сеидба во дворот (ФОТО)

„Искрено, не сум некој што разбира цвеќиња, за разлика од мајка ми, но ќе видиме како ќе функционира овој експеримент“,…

May 11, 2026
ЗАБАВА

Работник кој бил 15 години на боледување ја тужи фирмата бидеќи не му ја покачиле платата

Човек кој бил на боледување од 2008 година се обидел да ја тужи компанијата во која бил вработен, откако тие…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?