Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации
СПОРТ

Македонските фудбалери вечерва гостуваат на Ерменија во битка за промоција во Лигата на нации

Објавено October 13, 2024 17:25
Сподели
Сподели

Три дена по триумфот над Летонија во Рига во 3-0, македонската фудбалска репрезентација вечерва против Ерменија во Ереван ја очекува уште еден гостински натпревар во Лигата на нации во кој со нова победа ќе го обезбеди првото место во групата Ц4 и ќе обезбеди промоција во Б дивизијата.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски пред вечерашниот дуел на стадионот „Вазген Саргсјан“ со почеток во 18 часот се првопласирани на табелата со седум бодови, три повеќе од второпласираната Ерменија, која во четвртокот одигра реми 2-2 на гостувањето во Фарски Острови.

Селекторот Милевски на располагање за дуелот против Ерменците ќе ги има стоперите Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, додека неизвесен е настапот на Висар Муслиу, кој се повреди на натпреварот во Рига.

Македонската репрезентација пред еден месец во Скопје ја совлада Ерменија со 2-0 и со оптимизам влегува на реваншот во Ереван, во кој со победа ќе го обезбеди првото место во групата, а и со бод ќе направи голем чекор кон промоција во Б дивизијата пред двата завршни натпревари од ноемврискиот циклус против Летонија и Фарски острови во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес
Следна Статија Мaж пронајден во бессознание во река во Гевгелија, починал во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Eве како беа пречекани норвешките херои

Десетици илјади навивачи ја пречекаа норвешката фудбалска репрезентација синоќа во Осло, одбележувајќи го најуспешниот настап на земјата во историјата на…

July 14, 2026
СПОРТ

Македонија ги дозна ривалите за пласман на Светското првенство во 2026

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби ривалите во квалификациската група за пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се…

December 13, 2024
СПОРТ

Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар

Ракометниот клуб Алкалоид на домашен терен го победи РК Рунар Сандефјорд со 42:37 во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп…

April 21, 2025
СПОРТ

Ракометарот Дејан Манасков приведен во Охрид

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?