Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња
ХРОНИКА

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Објавено August 25, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда.

Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња, замавнал со неа и ја удрил по главата.

Жената започнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција, по што со брза помош била пренесена во болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Имајќи го предвид начинот на сторување на кривичното дело, а со цел да се заштити жртвата од можноста за ново загрозување на нејзината безбедност, здравје и живот, јавниот обвинител побара на осомничениот да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост: забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска да се јавува повремено на определено службено лице.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Со влез на третиот мобилен оператор очекувам подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот
Следна Статија Истражување: Ковид-пандемијата му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразени луѓе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж-монструм: Ја принудувал сопругата на проституција

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот…

February 17, 2025
ХРОНИКА

Штета од скоро 1,67 милијарди денари: Кривична пријава за двајца поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци

Пријавените предизвикале штета од скоро 1,67 милијарди денари, од кои речиси 99 милиони денари штета за Буџетот на Република Македонија.…

September 11, 2025
ХРОНИКА

Возел 190 на место каде е дозволено 80км/час

Вчера во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на…

June 21, 2025
ХРОНИКА

Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница

Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?