Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина го осуди учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Украина го осуди учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал
ЗАБАВА

Украина го осуди учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал

Објавено August 25, 2025 19:18
Сподели
Сподели

Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше онлајн-учеството на американскиот режисер Вуди Ален на Московскиот меѓународен филмски фестивал.

„Настапот на Вуди Ален на Московската филмска недела е срамота и навреда за жртвата на украинските актери и филмаџии кои беа убиени или повредени од руските воени злосторници во тековната војна против Украина“, соопшти украинската дипломатија преку социјалните мрежи.

Министерството нагласи дека Ален избира да ги игнорира злосторствата што Русија ги извршува во Украина веќе 11 години, почнувајќи од анексијата на Крим и дестабилизацијата на источна Украина во 2014 година. „Културата не смее да биде искористена за перење злосторства или како алатка за пропаганда“, се наведува во соопштението.

Ален вчера беше поканет да говори на 47. издание на фестивалот, каде настанот го модерираше прорускиот режисер и актер Фјодор Бондарчук, кој е под западни санкции поради поддршката на руската војна против Украина. За време на разговорот, според руските медиуми, Ален изразил восхит кон таткото на Бондарчук, познатиот режисер Сергеј Бондарчук. – Секогаш сум го сакал руското кино, изјавил Ален.

Како што пренесува ДПА, 89-годишниот режисер, сепак, избегнал да одговори на прашањето дали сака да снима филм во Русија и не се впуштил во политички коментари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп се обидел да најде замена за Зеленски, Залужни „ги откачил“
Следна Статија Нема власт – нема функција: Екс заменикот за внатрешни Бојмацалиев бара работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

„Симпсонови“ повторно „без грешка“ во предвидувањата: Погодија детаљ од актуелните американски избори со „морничава точност“

По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, обожавателите на „Симпсонови“ веруваат дека креаторите на серијата уште еднаш…

November 7, 2024
ЗАБАВА

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Седумдесет и осумгодишниот активен планинар, Стојанче Костовски од Крива Паланка, долгогодишен планинарски водич, викендов се искачи на врвот Митикас, на…

June 9, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Јас сум Новак, немој никогаш да го заборавиш моето име – и рекол Ѓоковиќ на жената која му станала првиот тренер

Новак Ѓоковиќ се присети на средбата со Јелена Генчиќ на Копаоник која подоцна ќе стане негов прв тренер. Тие престојувале…

May 15, 2025
ЗАБАВА

Ќе се снима игран филм за Дарко Панчев

Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?