Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлече
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлече
СВЕТ

Трамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлече

Објавено August 26, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранил од функцијата Лиса Кук, гувернерката на Федералните резерви (ФЕД), обвинувајќи ја дека сторила хипотекарна измама.

Во писмо до Кук, Трамп наведува дека постојат „доволно докази“ дека Кук давала лажни изјави во договорите за хипотеки, а Федералната агенција за финансирање на домувањето поднесе барање до Министерството за правда за отстранување на гувернерката.

„Во најмала рака, спорното однесување покажува еден вид небрежност во финансиските трансакции што ја доведува во прашање вашата компетентност и сигурност како финансиски регулатор“, се наведува во писмото.

Трамп додаде дека отстранувањето на Кук, првата афроамериканка на оваа позиција, било неопходно за да се спроведе законот, објавува Еј-Би-Си.

Кук возврати дека Трамп „нема овластување“ да ја отпушти и дека таа ќе продолжи да ги извршува своите должности, а нејзиниот адвокат, исто така, забележа дека се во тек правни дејствија, велејќи дека ќе преземат „сите потребни чекори“ за да го блокираат „обидот за нелегално дејствување“ на Трамп.

Минатата недела, Трамп ја повика Кук да поднесе оставка, истиот ден кога Бил Пулт, директорот на Федералната агенција за финансирање на домувањето, објави дел од писмото од 15 август до американската обвинителка Пам Бонди, обвинувајќи ја Кук за фалсификување на банкарски документи и евиденција за недвижности за да добие подобри услови за кредит, „потенцијално иницирајќи хипотекарна измама“, се наведува во писмото.

Во минатонеделната изјава дадена на Еј-Би-Си Њуз (ABC News) Кук рече дека дознала од медиумите за писмото на Пулт, во кое се бара кривична постапка за хипотекарни барања што датираат од пред нејзината работа во Федералните резерви.

Кук за членка на Управниот одбор на ФЕД беше номинирана во 2022 година од поранешниот американски претседател Џо Бајден, а нејзиниот мандат трае до јануари 2028 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем подвиг: Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш и го развеа македонското знаме
Следна Статија Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Сестрата на Ким Јонг Ун прв пат видена со деца: „Постои можност да се нејзини потомци“

Јужнокорејските разузнавачки служби денеска соопштија дека анализираат ретко видео на кое се гледа како сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг…

January 3, 2025
СВЕТ

Џ. Д. Венс доаѓа во Унгарија за да даде поддршка на Орбан пред изборите

Во Унгарија во тек се подготовки за посетата на американскиот потпретседател Џ. Д. Венс следната недела по Велигден, само неколку…

April 3, 2026
СВЕТ

Терористички напад во Франција: Еден загинат, неколкумина повредени, напаѓачот извикал Алах Акбар

Едно лице е убиено, а двајца полицајци се тешко повредени во напад со нож за време на протест во источна…

February 22, 2025
СВЕТ

Русија издаде потерница по Гари Каспаров

Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на…

May 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?