Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, кој редовно објавува за катастрофалната состојба во која се наоѓа Скопје во однос на хигиената, овојпат ја прикажа поразителната слика во која се наоѓа универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“.
Дворот на оваа научна установа во центарот на градот е во ужасна состојба со обрасната трева, расфрлано ѓубре и човечки измет на скалите кај најновиот дел за дигитализација.