Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот уште 50
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот уште 50
МАКЕДОНИЈА

Забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот уште 50

Објавено August 27, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа, кои немаат извадено лиценца во Македонија, информираше денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

-Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Затоа што е пандемија којашто ги зафаќа сите граѓани, особено таргет се младите, бидејќи не можат да играат исгри на среќа со лична карта, ги земаат документите на своите родители и нелегално се приредуваат игри на среќа. Потоа имаме украдени пари, банкарски податоци, украдени банкарски картички итн, вели Андоновски кој во Свети Николе одговараше на новинарско прашање, како тече процесот на затворање на онлајн приредувачи на игри на среќа, кои работат нелегално.

Посочува дека секој месец имаат активности и процесот трае во континуитет. Очекува до крајот на месецот забрана за уште 50 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци.

Министерот Андоновски забележува дека на овој начин се заштитуваат и младите луѓе како што рече „од овие предатори на интернет“, а на коишто им е целта да ги украдат податоците на граѓаните, а потоа и да ги злоупотребат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што сè ќе го лажат народот?
Следна Статија Статистиката потврдува – Во Македонија повеќе умираат отколку што се раѓаат!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Хидрантни приклучоци имаме, но цревата се чуваат заклучени затоа што некој постојано ги краде

Откако во јавноста осамна информацијата дека клубот Пулс едвај и да имал некој пп апарат за да се гаси пожарот,…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат

Голема чест беше да се обратам на Конгресот на ЕПП, меѓу лидери посветени на слободата, демократијата и одговорното владеење, рече…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во понеделник и вторник во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе…

May 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?