Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул
БАЛКАН

Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул

Објавено August 27, 2025 16:59
Сподели
Сподели

Полицијата во Истанбул заплени накит и антиквитети вредни 30 милиони долари во историската Капали чаршија за време на истрага за шверц на дијаманти, јавија денеска турските медиуми.

Операцијата почнала откако 10 осомничени првично биле приведени поради шверц на скапоцени камења во Турција. Полицијата изврши рации во 23 претпријатија на покриената чаршија од 15 век, апсејќи уште 40 лица.

Полицијата конфискуваше 135 парчиња накит, 1.132 инготи од благородни метали и 267 историски артефакти во вредност од 1,25 милијарди турски лири (25 милиони евра). Запленето е и огнено оружје.

Капали чаршија или Голема чаршија е едно од најпосетуваните туристички места во светот и во неа има илјадници мали продавници. Ја основал султанот Мехмед Втори Освојувачот набргу откако го освоил Константинопол во 1453 година.

Често опишувана како прв трговски центар во светот, Капали чаршија не е поштедена од криминални активности. Во април, полицијата изврши рација во фирма која се занимавала со девизи и благородни метали под обвинение за перење пари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопски полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
Следна Статија Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Словенија воведе задолжителен божиќен бонус за вработените во јавниот и во приватниот сектор од 639 евра

Заменик претседателот на Владата на Словенија, Матеј Арчон објави дека исплатата на божиќен бонус на сите вработени, и во јавниот…

October 17, 2025
БАЛКАН

Oд утре нови такси за туристите во Грција

Грчката влада воведува нова задолжителна такса за патниците на бродови за крстарење што ги посетуваат грчките пристаништа. Целта на оваа…

July 20, 2025
БАЛКАН

Хрватска ги замрзна цените на горивата – дизелот 1,55, бензинот 1,50 евра за литар

Хрватската влада донесе одлука за ограничување на цените на горивата како одговор на наглиот раст на цената на нафтата на…

March 9, 2026
БАЛКАН

Паника во Белград: Зебра избега од кафез, повреди маж и дете во зоолошката градина

Зебра избега од зоолошката градина во Белград попладнево, дознава Телеграф.рс. Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, пријавени се повреди на дете…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?