Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На „Долно Блаце“ приведен косовец, дел од мрежа која ја оштетила државата за 430 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > На „Долно Блаце“ приведен косовец, дел од мрежа која ја оштетила државата за 430 милиони денари
ХРОНИКА

На „Долно Блаце“ приведен косовец, дел од мрежа која ја оштетила државата за 430 милиони денари

Објавено August 29, 2025 17:07
Сподели
Сподели

На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера, при обид за влез во државава, од слобода е лишен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и кривично дело „Даночно затајување“ (чл.279 ст.3).

Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лицето веднаш е преземено и изведено пред судија на претходна постапка кој му определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што е спроведен во КПУ Куманово, информираат од Управата.

-Притворањето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица, како резултат на сложена предистражна постапка спроведена од страна на Управата за финансиска полиција, под раководство и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамки на акцијата беа преземени низа мерки и активности и беше обезбеден обемен доказен материјал, што резултираше со поднесување на кривична пријава против 13 физички лица и 10 правни лица, за сторени кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со што е предизвикана огромна штета на државниот буџет во висина од над 430 милиони денари, прецизираат од Управата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: СДСМ и ДУИ се виновни ако не бидат донесени измените на Законот за локална самоуправа
Следна Статија Клековски: На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вработена во Ургентен центар нападната од колега

На 25.06.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка…

June 26, 2025
ХРОНИКА

Се снимал и сликал со бомби кашикари во раце, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Тетката на Вања: Александар ми рече да барам помош од Илон Маск

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Уапсен е возачот од Крушопек кој прегази 12- годишно девојче во Ѓорче Петров

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што вчера околу 14.30 часот на…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?