Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, во вредност од 48 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, во вредност од 48 милиони денари
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, во вредност од 48 милиони денари

Објавено August 30, 2025 14:18
Сподели
Сподели

Навистина, прилично голема динамика на реализација на капиталните проекти овде во Општина Кавадарци, и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на колегите во Владата коишто даваат се од себе за да обезбедиме некој денар плус за да може да се инвестира во општините и да покажеме разлика, тоа што во минатото се крадеше, сега се гради, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Тоа е суштинската разлика помеѓу Владата на СДСМ и ДУИ којашто 7 години крадеше, буквално многу малку изгради, и оваа Влада којашто откако е избрана, го управува својот 15ти месец откако сме Влада на ВМРО и коалицијата којашто континуирано гради за овие 15 месеци, започнува нови проекти, ги завршува старите проекти. Така што јас мислам дека во оваа насока треба да продолжиме и во иднина. Општина Кавадарци во првите 2 повици доби околу 7 милиони евра. Нешто што претставува значаен драјвер и во локалната економија, но и го подобрува квалитетот на живот на самите жители на Кавадарци. Овој базен, градски којшто многу скоро од денес ќе биде пуштен во функција јас мислам ќе биде исклучително убаво место за кавадарчани да се дружат, да поминуваат дел од летните денови тука. И мислам дека ако се оди според динамиката, веќе следната година ќе го имаме во целосна функција, истакна Мицкоски.

Така што еве, јас уште еднаш би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на колегите во Владата, на министерката за образование, на сите они коишто навистина вложуваат атом повеќе енергија за да граѓаните добијат поквалитетен живот, за да имаме можност да понудиме поквалитетен живот за граѓаните, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Вознемирувачко видео) Пукање среде ден во Лавов, убиен Андриј Парубиј, херојот на Евромајдан
Следна Статија Мицкоски за предлогот на Филипче: Донесоа декларации дека нема да менуваат име и нема да прифаќаат ултиматуми – па прифатија сѐ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Попов: Владата се залага за држава во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него

На денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски со сочувство и донација за настраданите од Кочани

Крис Павловски, канадски бизнисмен со македонско потекло и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, изрази сочувство и донира финансиски…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со отпадот во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес почнува Рамазан!

За припадниците на исламската вероисповед, Рамазан, месецот на постење, милосрдие и објавување на Куранот на пророкот Мухамед, започнува денес и…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?