Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хаос со лет на „Виз ер“: Наместо во Белград, патници завршиле во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Roadtrip > Хаос со лет на „Виз ер“: Наместо во Белград, патници завршиле во Скопје
Roadtrip

Хаос со лет на „Виз ер“: Наместо во Белград, патници завршиле во Скопје

Објавено August 30, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“.

Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки на секој час со нови одложувања. Конечно, летот тргнал во 4:20 часот, но наместо во Белград, слетале во Скопје.

„На аеродромот во Скопје сите беа изненадени и полицијата и службениците, бидејќи ‘Виз ер’ им пријавил дека слетува празен авион, а од него излегоа околу 200 патници,“ раскажала Јелена.

Таа додала дека патниците биле задржани подолго во авионот без објаснување, а една жена се почувствувала лошо. „Пилотот кажа дека нивното работно време завршува и дека информации ќе добиеме на аеродромот. Но таму никој не знаеше ништо,“ вели таа.

Како причина за пренасочувањето било наведено дека белградскиот аеродром „не работи и дека авиони не слетуваат“. Патниците дури ја контактирале и српската амбасада, но им било одговорено дека не може ништо да се стори.

По инсистирање на патниците, аеродромот во Скопје обезбедил автобус за нивен транспорт до Белград.

Видеото од патниците на скопскиот аеродром погледнете го ТУКА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туфегџиќ: Службите следеле политичари и новинари, а не криминални групи што планирале ликвидации
Следна Статија Приведен скопјанец во Неготино по напад врз поранешната сопруга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум…

September 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со претставници од Виз Ер: Можности за проширување на соработката, подобрување на услугите

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека денеска имал средба со претставници на авиокомпанијата Wizz Air, на која разговарале за можности за…

September 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стана ли Скопје заситен од станови: Статистика објави дека во август била планирана изградба само на 30

Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1,8% повеќе во однос на истиот месец…

October 10, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Во Белград се одржува голема воена парада на српската армија

Во Белград се одржува воена парада – „Силата на единството“ по повод одбележување на Денот на српското единство, слобода и…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?