Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог
ПОЛИТИКА

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог

Објавено August 31, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси од страна на премиерот Мицкоски.

„Навистина жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а другпат било каков предлог одбива. Дали е тоа дел од предизборниот фолклор или не имајќи предвид каква кампања водеа минатата година, сега јас навистина не можам да кажам, но факт е дека ништо не се случува на полето на евроинтеграциите, а регионот оди напред. Оди напред Албанија, оди напред Црна Гора со веќе конкретен план дека до 2027 или 2028 година преговорите тие целосно ќе ги завршат. Ние практично сме во фаза како практично преговорите да сме ги напуштиле. И тоа е најлошото нешто што може да ни се случи,“ рече Филипче.

Тој најави дека СДСМ ќе изготви документ со јасни позиции за европските интеграции.

„Ќе спремиме еден документ којшто ќе биде работна верзија, кој ќе го понудиме во текот на оваа недела, во којшто сметам дека ќе влезат сите аспекти коишто се важни за државата. Ќе ги споменеме сите претходни декларации, ќе ги споменеме обврските коишто се преземени во рамките на Францускиот предлог и ќе дадеме предлог како ние како СДСМ сметаме дека треба да се продолжи понатаму, со јасни и точни црвени линии, конечно да знаеме сите на една маса за што зборуваме и како да продолжиме напред.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди на последиците од блокадата на процесот потенцирајќи дека младите се повеќе ја гледаат иднината надвор од државата.

„Тоа што сега се случува е практично само прво губење време, понатаму огромен раст на разочараноста на граѓаните затоа што ништо не се случува на тоа поле, младите се повеќе ја гледаат иднината надвор, губиме средства поради тоа што не се спроведува ни реформската агенда, посебно во делот на правосудството. Еве околу 80 милиони евра државата изгуби затоа што ниту еден закон којшто требаше согласно планот за раст не беше поднесен од страна на Министерството за правда.“ рече Филипче.

„Сметам дека навистина треба државнички да се настапи за да се одблокира тој процес на евроинтеграција,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПИЈАНИ ВОЗАЧИ НА ПАТИШТАТА Жена фатена со 3,20 промили во Струмица, еден маж со 3,47 во Струмица и еден со 1,99 во Куманово
Следна Статија Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сиљановска смета дека Филипче направил грешка што не отиде на лидерска среба

Неучеството на Филипче претседателката Сиљановска го гледа „како негова грешка“ затоа што, посочи, „доби покана“. – Подобро е да седнете…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

Куновска за Филипче: Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

Пратениците не се откажуваат од патните трошоци

Избраниците во народното Собрание тешко се откажуваат од привилегиите. Ниту овој парламентарен состав не ја поддржа иницијативата за кратење на…

February 12, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Време е да ги издигнеме Скопје и Бутел

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, и кандидатката за градоначалничка на општина Бутел, Оливера Ливринчиќ, се…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?