Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 101 година од убиството на Тодор Александров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 101 година од убиството на Тодор Александров
МАКЕДОНИЈА

101 година од убиството на Тодор Александров

Објавено August 31, 2025 16:58
Сподели
Сподели

На 31 август 1924 година кај селото Лопово, на Пирин Планина, е убиен Тодор Александров.

За убиството и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии. Тој бил македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО.

Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев – Кочански, окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ, член на ЦК на ВМОРО, член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.

По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС.

Бугарската влада го сметала Александров за негативна личност, вели во гостување во Тешки муабети професорот Никола Жежов.

– Александар Димитров бил министер за внатрешни работи во бугарската влада на Стамболиски, по потекло Македонец, левичар по убедувања, но бил избран во владата. Него организацијата во времето на Тодор Александров го прогласила за непријател на ВМРО и македонската кауза и по неколкуте опомени за зближувањето со СХС, му е изречена смртна пресуда и е извршен атентат во 1921 година, еден од поголемите атентати врз претставници на странска влада, објасни претходно во гостување во Тешки муабети професорот Никола Жежов.

– Овој е прв таков поголем атентат во Првата светска војна, убиен на многу суров начин, колата била пречекана во засега и неговата придружба исто така била убиена. Таква смртна пресуда имал и тогашниот премиер Стамболиски, грешат тие што велат дека ВМРО соработувала со бугарската влада, Александров и Протуѓеров кога побегнале од затвор се постојано во излегала.

Во државниот преврат учествувале и чети на ВМРО, иако доаѓа владата на Александар Цанков, но ВМРО никогаш не била во никакви идилични односи со бугарските влади се до убиството на Александров.

Александров упатил предупредувачко писмо до бугарската влада каде истакнал дека “вие мислите дека сме нула без Бугарија и Стамнолиски имаше исто мислење и еве каде е сега, во Бугарија има многу царства, но најголемо е царството на Македонците и мислете како ќе делувате”, открива Жежов кој додава дека Александров никогаш не бил во добри односи со бугарската Влада.

– Бугарската Влада го сместила Тодор Александров во таборот на т.н негативни личности. Ние мораме да го напуштиле приодот на црно-бела историја. Во западната историографија тој принцип е напуштен, историјата не признава позитивни и негативни личности, таа познава историски контекст и толкување врз историски факти и аргументи, вели Жежов бидејќи тој пристап е ненаучен.

Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз вели:

“Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово фаќање.”

Генералот Томсон пак, во лондонскиот весник “Тајмс” во 1923 година ќе напише:

“Историчноста на името и делото на Тодор Александров беше загатка на повеќе историографии и историчари. Неговата контрозерзност беше продукт на епитетите и квалификациите што доаѓаа, пред се, од непријателите на Македонија и на слободата на македонскиот народ. Меѓутоа, мора да се каже дека во дводецениската револуционерна и лидерска дејност името на Тодор Александров стана синоним на ВМРО и главен организатор и душа на организацијата. Едни го нарекуваа: генијален водач, најголем воин на Балканот, фанатичен патриот, најсилна појава на борбениот македонски дух, Последен Мохиканец на Балканот, Робин Худ на Балканот, голем апостол, и легенда на ВМРО, додека за други беше: врховист, предавник на македонското дело, родоотпадник, главорез и сл. И покрај се, во народните песни остана опејуван како единствен борец за слободата на Македонија”

Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде ќе стаса тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепот зборовите: Тодор ќе минува оттука.”

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притвореник починал во Затворот Скопје
Следна Статија Пожар на Вардариште: Речиси цел Аеродром е без струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра?!

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

И во 2025 година продолжуваме со инвестициите и вложувањето во одбраната, порача Мисајловски

Денеска во Регионалниот центар за односи со јавноста во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје се одржа редовниот годишен брифинг со…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со двојно поголем буџет, Мицкоски сака македонските универзитети да влезат во првите 1.000 на Шангајската листа

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека буџетот за науката е двојно зголемен во споредба со минатата година, достигнувајќи околу 650–660 милиони…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

ХЕРОЈ: 19-годишниот Јован Костадинов од Виница спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?