Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци
МАКЕДОНИЈА

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Објавено September 1, 2025 08:17
Сподели
Сподели

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека се обезбедени учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици.

Јаневска, исто така, информираше дека во повеќе училишта условите за настава се подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното и за првпат во средното образование. Учениците ќе се запознаваат со придобивките од вештачката интелигенција и ќе учат етички да ја користат за образовни цели.

„Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. За првпат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик“, истакна вчера Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90 проценти од тиражот е веќе испорачан.

Министерката информираше дека системски е решен предизвикот со учебниците кој се провлекуваше со години и дека повеќе нема предмети во основното образование без учебници, нема користење на учебници без склучени договори и регулирани авторски права и нема доцнење на испораката со месеци.

Освен 1.346 образовни асистенти во основните училишта, Јаневска информираше дека за првпат, образовна асистенција ќе добијат и средношколците со посебни образовни потреби, а нив ќе им помагаат 130 образовни асистенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пораз во Германија: Европа лигата ќе остане сон за Алкалоид
Следна Статија (Видео) Собослај со спектакуларен гол му пресуди на Арсенал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, негов легитимен и идеолошки наследник

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и притисоци, се…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повредените во „Пулс“ кои се рехабилитираат на Пониква пуштија 62 бели балони во чест на починатите и побараа простување што не ги спасиле

Повредените во пожарот во клубот „Пулс“ кои се наоѓаат на рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква, во знак на…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци

Предвидено е проширување на патарината кај Миладиновци и зголемување на процентот на поминувања за електронска наплата на патарините (таг), најави…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Штекли однесен на Неврологија

Судењето против Раде Трајковски-Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога, доцни поради негова хоспитализација. Трајковски бил пренесен…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?