Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%

Објавено September 1, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%.

Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се обезбеди стабилност и пониска инфлација“, појаснува гувернерот Трајко Славески во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Народната банка ја задржа истата референтна каматна стапка од почетокот на годината и презеде мерки за задолжителната резерва, заради стимулирање на штедењето и за одржување на финансиската стабилност. Гувернерот истакна дека само со внимателно комбинирање на монетарни и фискални политики, фокусирани на долгорочни капитални инвестиции, може да дојде до трајно пониски нивоа на инфлација.

Славески нагласува дека на Владата не ѝ одговара висока инфлација, напротив – стабилната и ниска инфлација е во интерес на сите, како на граѓаните, така и на приватниот сектор и на државните политики.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хаос во Нови Сад: Деканот на факултетот со маскирани луѓе ги скрши прозорците за да влезе во зградата (ВИДЕО)
Следна Статија Македонија на 51 место според индексот за мир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Шпанија со најголеми приходи од туризмот

Европа пречекала 125 милиони странски туристи во првите три месеци од 2025 година, според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации.…

August 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пад на цената на нафтата под 100 долари за барел

Цената на нафтата бележи благ пад и повторно се спушти под 100 долари за барел, во услови на зголемени очекувања…

April 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Доларот слабее, еврото зајакнува

На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се намали минатата недела, како резултат на трговската…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?