Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров: Мора добро да размислиме зошто промашивме чисти контри и пет пенали!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров: Мора добро да размислиме зошто промашивме чисти контри и пет пенали!
СПОРТ

Лазаров: Мора добро да размислиме зошто промашивме чисти контри и пет пенали!

Објавено September 1, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Ракометарите на Алкалоид го започнаа своето европско патување во квалификациите за Европската лига на ЕХФ со гостување кај силниот бундеслигаш Хановер-Бургдорф, но не успеаја да стигнат до позитивен резултат во првиот меч од двомечот 27-37.

Тренерот Кирил Лазаров не беше задоволен од играта на својот тим, пред се нереализираните шанси за гол.

„Сакам да напоменам дека промашивме пет пенали и осум до девет, не велам зицери, туку чисти контри. Тоа се веќе четиринаесет моменти што се безмалку очи во очи со голман. Плус, нивниот голман имаше 19 одбрани и невозможно е да се надеваш на повеќе со ваква статистика. Напротив, мислам дека и „добро“ поминавме. Ако ја бараме причината за тие промашени не зицери туку контри и пенали, мора добро да размислиме зошто е тоа така. Дали е менталитет, дали е карактер, дали е неквалитетен шутерски тренинг или било што друго.

Мора добро да се анализира и дискутира. Не треба да бараме виновници, таа е разликата, поради тоа. Имавме во 29 минута контра за два разлика, не дадовме гол, па ни дадоа и заврши четири. Плус имаа прв напад во второ полувреме. Штета.

Не се повлековме да се браниме, да играме споро. Игравме брз ракомет. Во таа брзина тие беа подобри. Дали нашите промашувања се должат на ритамот? Тие се навикнати на таа игра со бундес ритамот, ние не сме. Тоа треба добро се анализира. Тие беа фаворити, ние се надевавме потајно.

Сум незадоволен и малку и разочаран затоа што нашата борба е со македонскиот менталитет. Како да се промени начинот на игра. И самите видовте дека тие и во 59 минута влечеа брз центар и имаа бранови на игра. Ние се обидуваме да го следиме тоа, но денеска и со тие изработени чисти ситуации не успеавме да се носиме со тој ритам. Можеби таков беше денот, ќе се обидеме да се соземеме, Ситуацијата е таква каква што е, не сакаме да останеме без Европа. Да кажам дека ќе пробаме да стигнеме, ќе делувам несериозно. Да се соземеме, да анализираме и најбитно да анализираме зошто промашувавме.

Одново не велам зицери, иако имаше и зицери, значи немаше ништо изнудено, зошто се случуваше ова? Дали притисокот, дали од важноста, дали дека прв пат играме со Германци, дали дека не сме доволно спремни да реализираме во таков ритам во таква атмосфера на гостински терен против таков тим. Тие беа лидери во Бундеслигата девет месеци, но сепак, се надевавме на подобар резултат“, изјави Кирил Лазаров.

Реваншот ќе се одигра за седум дена во салата „Автокоманда“ во Скопје,

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дизелот поскапува за половина денар
Следна Статија Мерц најави намалување на социјалните трансфери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

31 година без Аиртон Сена

На денешен ден пред 31 година на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1, животот го загуби…

May 1, 2025
СПОРТ

Барселона без Левандовски на двомечот со Интер и дуелите со Реал Мадрид

Барселона во клучните натпревари кои и им предстојат ќе биде без својот најдобар стрелец и лидер во тимот Роберт Левандовски.…

April 20, 2025
СПОРТ

Роналдо трагичар на Ал Наср: Промаши пенал во 96. минута

Фудбалерите на Ал Наср беа испаднаа од Кралскиот куп на Саудиска Арабија, бидејќи Ал Тавун беше подобар од нив. Гостите…

October 30, 2024
СПОРТ

Прва победа за Македонија, совладана е Грузија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна првата победа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Ерменија. Во…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?