Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стапија на сила нови правила за одобрување возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стапија на сила нови правила за одобрување возила
ЕКОНОМИЈА

Стапија на сила нови правила за одобрување возила

Објавено September 1, 2025 20:40
Сподели
Сподели

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.

Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат на сила од 1 септември.

Промените во постапките за одобрување на возила се: одобрување тип на возило за сите негови варијанти и изведби според WVTA документот, освен ако импортерот не побара поинаку, единечно одобрување ќе се врши исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во државава и немаат одобрение за тип во ЕУ преку Биро за метрологија, возила со претходно одобрен тип во ЕУ или во државава немаат потреба од посебна постапка за единечно одобрување и директно одат во постапка за идентификација и оцена на техничката состојба, импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постоиевропско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип, а за останатите возила за кои немаат возила не постои одобрение на тип во дрќавава или не постои одобрение на тип во ЕУ, импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, ваквите возила ќе обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.

Според грубата пресметка, 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TUV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало – процесот сега ќе се регулира преку овластените застапници, домашни македонски компании.

Роковите за одобрување на тип во Бирото за метрологија ќе бидат скратени двојно, за побрза и поефикасна постапка, цените на услугите од Биро за метрологија ќе се регулираат со нов правилник, а потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат 40 до 50 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лагард: Потезите на Трамп се многу сериозна опасност за светската економија
Следна Статија Хрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен

Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме…

May 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, тоа е добро за граѓаните и туристите, рече Мицкоски

До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Бујојчани, Прилеп-Битола…

March 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сточарите ќе протестираат ако не добијат субвенции до 20 март

Сточарите очекуваат итна исплата на субвенциите за 2025 година. Сточарите од Карбинци се заканија со протести, информира Тв Стар. Итна…

March 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски најавува брза пруга Табановце – Гевгелија до 2031 година

Македонија сама ќе инвестира во брза пруга од Табановце до Гевгелија. Изградбата на овој проект ќе чини околу две милијарди…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?