Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет
МАКЕДОНИЈА

Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет

Објавено September 2, 2025 08:51
Сподели
Сподели

На покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово учествуваше и се обрати на работниот појадок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан и специјалните пратеници за проширување на Европската Унија.

Во своето обраќање, Муцунски ја истакна клучната улога на регионалната стабилност и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, оценувајќи дека сегашните глобални кризи уште повеќе ја зголемуваат потребата од европска кохезија.

„Во свет на војни, безбедносни закани и економски шокови, Европската Унија и Западен Балкан имаат потреба еден од друг повеќе од кога било досега. Нашата стабилност е европска стабилност. Нашиот напредок е европски напредок“, нагласи министерот во обраќањето.

Тој посочи дека Македонија останува посветена на европскиот пат и активно работи на реформите и имплементацијата на Планот за раст на ЕУ, истовремено нагласувајќи дека процесот на проширување мора да биде заснован на заслуги и јасни критериуми.

„Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет. Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес“, потенцираше министерот Муцунски.

Притоа, тој го нагласи значењето на регионалната соработка и ја поздрави улогата на специјалните пратеници на ЕУ, оценувајќи дека нивниот ангажман е клучен за одржување на вниманието кон регионот и поттикнување на практични решенија.

„Веруваме во дијалог, веруваме во компромис кога тој е фер и взаемен – и пред сè, веруваме во визијата за обединета, стабилна и просперитетна Европа со Западен Балкан во нејзиното јадро“, заклучи Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Игор Џамбазов го пречека единственото прваче во училиштето во Маврови Анови (ВИДЕО)
Следна Статија Сточарот Јетмир најде телефон изгубен пред четири години на Солунска глава, а планинари го најдоа сопственикот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Наследникот на Коцевски мора да добие „виза“ од Советот на јавни обвинители

Владата не треба да добие позитивно мислење од Советот на јавни обвинители за да го разреши републичкиот јавен обвинител Љупчо…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Онлајн аплицирање за средно училиште – поради преоптоварување веб-страницата е често блокирана

Првиот уписен рок во средните училишта се одвива со потешкотии. Полуматурантите, кои сакаат онлајн да аплицираат за средно образование, велат…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за лагите на СДСМ: Нема мигранти, но ќе има брза пруга

Се потврди дека се невистина тврдењата на СДСМ, затоа што нема мигранти во државава, но ќе има брза пруга, рече денеска…

June 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Наташа Котлар разрешена од директорската функција на Државниот архив

Директорката на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар-Трајкова, потврди дека била разрешена од функцијата која ја извршуваше од минатата година…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?