Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Исцицал“ ли навистина Лајонес-Мајворлд од Македонија 150 милиони евра?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Исцицал“ ли навистина Лајонес-Мајворлд од Македонија 150 милиони евра?
ЕКОНОМИЈА

„Исцицал“ ли навистина Лајонес-Мајворлд од Македонија 150 милиони евра?

Објавено September 3, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Група од педесетина граѓани на Македонија, кои биле дел од Лајонес-Мајворлд шемата во земјава, проценуваат дека со овој пирамидален финансиски систем од државава се извлечени околу 150 милиони евра, пишува Нетпрес.мк. Тие се обединиле во група која ја именувале како Анти лајонес лоби, чии имиња се познати на редакцијата на Нетпрес, но сакаат да останат анонимни, и велат дека само членовите на нивната група се оштетени за околу 800.000 евра.

Обвинуваат за дузина незаконитости и најавуваат правна борба за случајот. Досега случајот го пријавиле во финансиска полиција, но и во МВР и се во очекување на негово процесуирање.

Еве што велат тие:

„Ние, поголема група на членови на Лајонес (Лајконет, Мајворлд) на овој начин сакаме да ја известиме јавноста, но и надлежните државни органи, за основани сомневања дека организирана група на Лајонес (Мајворлд) маркетери, според наши сознанија, има извршено голем дел на нелегални и незаконски активности со кои истата група добила голема материјална корист, а на штета на голем дел од нас ‘врбувани’ и измамени од групата маркетери која на овој начин ја пријавуваме. Во сторувањата и несторувања на групата маркетери предводена од лицето З.В. според наше мислење, се содржани елементи на повеќе кривични дела, меѓу кои и измама, организиран криминал, мито и корупција, како и дела спротивни на етичкиот код на Мајворлд, каде на маркетерите не им се дозволува ветувања за пасивен приход, нешто што сепак беше прекршено илјадници пати. За бескрупулозноста на наведената група на маркетери имаме безброј докази, кои се сведуваат на изјави на оштетени и сведоци, потоа преку 150 часови снимен видео и аудио материјал, меѓу кои и конкретните ветувања и гаранции, поттикнување на посетителите на нивните наведувачки перформанси да продаваат станови, ниви, да земаат кредити и останати задолжувања и да ги вложат во ’нивниот бизнис’.

Овој ’бизнис’ можеше вака да функционира бидејки беше смислен многу итро, па така постоењето на една лојална картичка за повеќе продавачи, што во принцип е позитивно, но нешто што понатаму е продолжено со смислување начин како преку т.н. проекти, на членовите на Лајонес/Мајворлд да им се земат дополнителни финансиски средства.

Но, најголемата смислена мамка за идните членови беше вешто осмислениот систем на пренесување на информациите од човек на човек, што создаде ситуации најчесто ’бизнисот’ да биде пренесуван меѓу семејството или најблиски пријатели.

Финансиските средства, чија уплата е ’обезбедена’ на овој начин, се уплатувани на Мајворлд Македонија и на Мајворлд Австрија, од каде пак се префрлани големи провизии на пријавените маркетери за лицата кои се намамени во оваа пирамидална шема.

Проценката е дека на овој начин од Македонија се извлечени околу 150 милиони евра, а само нашата група членови пријавувачи има уплатено преку 800.000 евра, што претставува најголема финансиска афера во Македонија, нешто што мора да предизвика реакција и истрага од надлежните органи.

Голем дел на фирми на Лајонес беа ’фантомски’ без вработени, а оние кои беа вистински беа формирани со минимален капитал, на пример од 100 фунти.

Пирамидалната шема на Лајонес е откриена и санкционирана во повеќе европски држави како Норвешка, Италија, Полска и други.

Лицето З.В. е свесен за размерите и последиците на направените ’дела’ како и законската, но и материјална одговорност. Човекот идеолог и креатор на овој ’бизнис’ најчесто своите членови ги поздравуваше од Монако, Монте Карло, удобно ’сместен’ на јахти, авиони… кои им ги ветуваше на своите идолопоклоници.

Обидувајќи се да ја избегне одговорноста, човекот кој се стекна со милиони евра, од кои голем дел се наши пари, сега се обидува да се спаси со неверојатна активност. Тој моментно од петни жили се обидува да се прикаже како жртва на Лајонес/Мајворлд, па со иста метода како и порано, ставајќи голем дел на членовите повторно во надеж дека истиот, кој најмалку десетина години нема исполнето ниту едно свое ветување, сега ќе им помогне да ги вратат парите од банкротираната фирма. Банкротирана бидејќи парите се прелеани во џебовите на З.В. и неговите ортаци…

Сега човекот кој оперира петанесеттина години бара од членовите на Лајонес да ја потпишат кривичната пријава заедно со него. Класична негова конструкција, бидејќи не смее да им дозволи доволно време да видат во каква негова новосмислена шема влегуваат.

Со ваквиот начин на кој го прави ова самиот веќе ја признава сопствената вина и одговорност.

Како што наведовме, во посед сме на стотици докази, сведоци, видео материјали и документи со кои ќе го потврдиме наведеното, а кои ќе ги доставиме до соодветните институции, надлежни за вакви дела. Исто така, бараме стручна арбитража за донесена пресуда на кумановскиот Основен суд која ќе ја доставиме, а во која според нас, но и доста адвокати и судии има белег на пресуда донесена во коруптивна постапка.

Во наредните наши известувања, ќе прикажеме и документираме дел на дејствата на наведената група, посебно лидерот на истата, по кои на јавноста ќе ѝ биде јасно со какво зло сме се соочиле“, стои во информацијата до македонската јавност на неформалната група Анти лајонес лоби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ
Следна Статија Мала група од АНБ работела на обработката на активностите на Мицкоски, Николоски, Спасовски, Русковска…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената

Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка“ за Македонија

Изградбата на брза пруга на коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка“ на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Европската комисија предвидува раст на македонската економија од 3 отсто

Европската комисија предвидува дека економијата на Македонија во 2025 година ќе порасне за 3 отсто, што ја става во средина…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Алфалтирањето на Кичево- Охрид продолжува и во зима

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?