Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николов од Париз: Делиме заедничка визија за обединета, стабилна и солидарна Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николов од Париз: Делиме заедничка визија за обединета, стабилна и солидарна Европа
МАКЕДОНИЈА

Николов од Париз: Делиме заедничка визија за обединета, стабилна и солидарна Европа

Објавено September 4, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Односите помеѓу нашите две земји се исполнети со пријателство, меѓусебно почитување и длабока приврзаност кон демократските вредности, кон мирот и меѓународната соработка. Ние делиме заедничка визија за обединета, стабилна и солидарна Европа, заснована на владеење на правото, човечкото достоинство и солидарноста меѓу народите. Оваа порака ја испрати Игор Николов, ново именуваниот амбасадор во Франција при примопредавањето на акредитивните писма на францускиот претседател Емануел Макрон на тет а тет средбата во Елисејската палата.

Во таа прилика, амбасадорот Николов, рече дека Француската Република отсекогаш била важен партнер и вредна поддршка во патот на Македонија кон евро-атлантската интеграција.

Не го забораваме континуираниот ангажман на Франција во поддршката на проширувањето на Европската унија кон земјите од Западен Балкан, особено нејзината поддршка на реформскиот процес што нашата земја го спроведува со решителност, како и значењето на предвидливоста во овој процес — аспект што го очекуваме со доверба на овој пат посочи македонскиот амбасадор на средбата со Макрон.

Амбасадорот Николов го информираше францускиот претседател Макрон за стратешкиот избор на Македонија, а тоа е интеграцијата во ЕУ.

Свесни сме за предизвиците што ги носи тој процес. Но, остануваме решени да ги спроведеме потребните реформи, како на институционално, така и на економско ниво, со цел да ги исполниме критериумите за членство. Во овој контекст, поддршката од Франција – како основачка сила и двигател на Унијата – е од суштинско значење и длабоко ја цениме“, кажа Николов.

Амбасадорот Николов, укажа дека покрај институционалните прашања, Македонија и Франција развиваат се подинамични културни, образовни и економски врски. Како истакнат франкофон, носител на француски орден коњаник на легијата на честа, амбасадорот Николов како што вели, упатил и една лична нота при примопредавањето на акредитивите. Николов е познавач на Франција, бидејќи голем дел од патот на неговото докторско усовршување како нефролог го има поминато токму низ француските универзитети, клиники.

Ментори на тој му пат му биле истакнати француски имиња во здравството и универзитетската област. Меѓу нив се професор доктор Зијад Маси, познат нефролог кој работи во болницата Амброаз Паре во Париз кој е академик, односно член на Националната академија за медицина, проф доктор Тилман Друеке кој е еден од најплодните публицити во светските нефролошки журнали, како и истакнатиот нефролог трансплантолог Лионел Ростин кој работи на Универзитетската болница Гренобл во Франција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Децата врескаат, сцените се ужасни: нова вознемирувачка снимка од Лисабон
Следна Статија Хајрулахи: Државниот обвинител Коцевски има пристап до информации за многу следени важни македонски граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје – обезбедени се средства за…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Пред дваесет и две години на 26 февруари во Ротимље близу Мостар во авионска несреќа животот го загубија поранешниот претседател…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ

Летниот период (јули-август-септември) се очекува да биде со натпросечни температури, но и со нестабилности со локализирани врнежи. Во јули и…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?