Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за Касами: Без потреба влегува во фолклорот на опозициската ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за Касами: Без потреба влегува во фолклорот на опозициската ДУИ
ПОЛИТИКА

Мицкоски за Касами: Без потреба влегува во фолклорот на опозициската ДУИ

Објавено September 4, 2025 15:55
Сподели
Сподели

Етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече вниманието во јавноста и да се добијат гласови. Оваа препорака му ја упати премиерот Христијан Мицкоски на актуелниот градоначалник на Општина Тетово и претендент за нов мандат, Биљал Касами. Препораката од Мицкоски следува откако Касами претходно повика жителите на Општина Брвеница да дадат поддршка на кандидатот на ВЛЕН, а не на тој од нивниот коалициски партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја слушнав таа изјава на Биљал Касами и можам да кажам дека за жал влегува во фолклорот на опозициската ДУИ, без потреба. Моја препорака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста и да се добијат гласови туку треба да зборува во Тетово за проектите што заедно со поддршка од Владата се направени за сите и за Македонци, Албанци, Турци, Срби“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Според премиерот, кандидатот на коалицијата ВЛЕН треба да зборува за проекти што ќе ги направи за жителите на Брвеница, а не да се гласа според тоа дали е некој Македонец или е Албанец.

„Тоа е политика на минатиот век и јас мислам дека таа политика не му носи предност на никому“, рече Мицкоски додавајќи оти е сигурен дека нивниот кандидат Јован Илиевски ја има поддршката од сите етнички заедници и ќе биде по втор пат градоначалник овде во Брвеница.

Инаку, коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Брвеница го кандидира директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина славниот моден дизајнер Џорџо Армани
Следна Статија Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Луѓето чии животи згаснаа во пожарот во Кочани не се бројка, туку се судбини и личности – вели Мицкоски

Постојат настани во историјата на една држава што не се мерат со време, туку со болката што ја остваат зад…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Струмица на 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на…

June 17, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити.…

January 29, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: ЗНАМ го поддржува премиерот дека Македонија не може да прави веќе отстапки на патот кон ЕУ

Лидерот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски е на иста линија со премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија нема да прави повеќе отстапки…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?