Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши за утре закажа седница за надзор на АНБ поради незаконско прислушување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши за утре закажа седница за надзор на АНБ поради незаконско прислушување
МАКЕДОНИЈА

Гаши за утре закажа седница за надзор на АНБ поради незаконско прислушување

Објавено September 4, 2025 19:42
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

Како што информираат од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Ова следи откако членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов вчера јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од европскиот фронт да закаже итна седница. Претседателот на Комисијата Скендер Реџепи вчера одговори на повикот дека додека е претседател и дискриминиран нема да повика таков состанок.

Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, истакна Пренџов.

Овие случувања, според пратеникот, предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

Токму затоа, обврска на комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд денеска во изјава за ТВ Алсат го потврди ставот за кој веќе се шпекулира во јавноста оти го повлекува својот потпис за постигнување на ново парл

Реџепи потенцира дека тој е дискриминиран дека нема да може да присуствува на класифицираните инфомации бидејќи нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал во ноември или декември минатата година.

Се додека сум јас председател и дискриминиран од власта, од службите, нема да повикам таков состанок. Бидејќи и моето присуство, кога би повикал состанок, јас не би можела да присуствувам во класифицирани информации таму кај што се оди. Која би била логиката, председателот на Комисијата да не може да присуствува во една таква Комисија или таков претрес во службите. Јас пред една година сум поднел барање за сертификат безбедностен и нормално, кога таква една можност, пратеник во Собранијето останува да биде вреднуван од партиски службеници, на кои што скандалите секоја година им се појавуваат што значи дека ти се во интерес на сите политички партии, најмалку на државните. Сметам дека тоа е дискриминација не само за мене, но и за сите пратеници во Собранијето, истакна Реџепи.

Тој уште еднаш потенцираше дека нема да ја свика комисијата и им порача дека претседателот на Собранието има можност да свика Комисија да си одлучи оние кои имаат сертификати да одат и да ја завршат работата.

Ако тие инсистират, јас да го направам тоа, тогаш тие сакаат да не се заврши посетата, нагласи Реџепи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 42-годишен маж е пронајден мртов во викендичка во Кавадарци
Следна Статија Ќе се руши легендарната скопска сендвичарница „7“ во Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дворот на универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ како буниште, обраснат во трева, ѓубре, човечки измет… (ВИДЕО)

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, кој редовно објавува за катастрофалната состојба во која се наоѓа Скопје во однос на…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе информира за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за договор…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Онкологија биолошка терапија има само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, престојува во официјална посета на Љубљана заедно…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?