Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ
ПОЛИТИКА

Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Објавено September 6, 2025 12:39
Сподели
Сподели

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ го ветуваа спротивното.

„Иако во предизборните ветувања беше кажано дека сите ученици ќе добијат нови учебници, вистината е сосема поинаква. Самата министерката Јаневска призна дека учебници нема, иако се потрошени над 11 милиони евра од буџетот на граѓаните“, истакнуваат од СДСМ.

Недостасуваат учебници за математика и историја за 8-мо одделение, а родителите се приморани да печатат материјали од Вибер-групи. Проблемот е уште поголем за стручните училишта, каде што цели генерации немаат учебници по управно, процесно, правно и државно уредување.

„Учебници има само за најмалите ученици, од прво до трето одделение, додека за четврто и петто одделение ситуацијата е катастрофална. Одговорноста за овој хаос е кај министерката Јаневска и премиерот Мицкоски. Тие излажаа и ги изневерија учениците, родителите и наставниците“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ваквите состојби не смеат да се повторуваат и повикуваат на итна интервенција за обезбедување учебници за сите ученици

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Британски хирург си ги замрзнал нозете за да ги ампутира, сега е откриено зошто го направил тоа
Следна Статија Манасиевски: Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!

Ги следам објавите од штабот на Али Ахмети и од партијата на узурпаторот Зијадин Села. Запрепастен сум од безобразието со…

March 8, 2025
ХРОНИКА

Вандал влегол во штипско училиште и уништил смарт табли, компјутери, инвентар и со спреј испишал недолични пораки

Вандалски чин во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип е причина што денеска нема редовна настава за над 1.100 ученици во ова училиште,…

April 30, 2026
ПОЛИТИКА

Гаши против скандирањата во Куманово: Да застанеме заедно против омразата

Собранискиот спикер Африм Гаши го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово во саботата, кого неколкумина присутни во спортската сала…

August 4, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Илон Маск сака да инвестира во Аргентина преку своите компании

Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека сака преку своите…

September 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?