Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорческа победничка на турнирот во Слобозија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ѓорческа победничка на турнирот во Слобозија
СПОРТ

Ѓорческа победничка на турнирот во Слобозија

Објавено September 6, 2025 18:38
Сподели
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија што се играше за награден фонд од 40.000 долари. Таа во финалето ја совлада домашната тенисерка Елена Бертеа со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:4) за 2 часа и 15 минути игра.

Во првиот сет до резултатот 3:3 во гемови немаше брејк, а потоа домашната тенисерка со два брејка го освои сетот и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бертеа водеше со 3:1 во гемови, но тука почнува пресвртот на Лина Ѓорческа која освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:3 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет македонската тенисерка поведе со 4:2, но Бертеа изедначи на 4:4. Сепак Ѓорческа успеа да ги добие следните два гема и го доби сетот со 6:4 за конечни 2-1 во сетови.

Ова за Ѓорческа е вкупно 15.та титула во поединечна конкуренција, а го играше 39.то финале. Лина има и 47.титули во конкуренција на двојки.

За победата на турнирот во Слобозија, Ѓорческа освои 50 поени и ќе напредува на ВТА листата. Лина следната недела ја очекува настап на турнир во Букурешт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“
Следна Статија Јужна Кореја бесна поради рацијата во фабриката на Хјундаи во Америка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ракометен спектакл во Скопје за паметење

Македонските ракометни легенди и гостите од Европа приредија ракометно уживување и спектакл во салата „Јане Сандански“. Ракометните легенди беа на…

October 30, 2025
СПОРТ

Даниела Алексовска е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН во ММА!

Македонија слави уште еден историски успех! По освоениот сребрен медал на Европското првенство во 2024 година, оваа година, Даниела Алексовска,…

February 23, 2025
СПОРТ

Ужасна Македонија во Копенхаген (ФОТО)

Ужас. Тоа може да се каже за вчерашниот настап на македонската репрезентација на бараж мечот против Данска( 4-0). Ова беше…

March 27, 2026
СПОРТ

Што си кажаа Винисус и Престиани?

Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, негираше дека употребил расни навреди кон Винисиус Жуниор за време на натпреварот со Реал Мадрид…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?