Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Поранешниот директор на АНБ призна дека во време на власт на СДС биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Поранешниот директор на АНБ призна дека во време на власт на СДС биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешниот директор на АНБ призна дека во време на власт на СДС биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Објавено September 7, 2025 15:41
Сподели
Сподели

Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност призна дека за време на неговиот мандат во време на владеење на СДС, биле следени и прислушкувани луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

-Во интервју за медиум, Димовски беше прашан дали ВМРО-ДПМНЕ беше таргет на АНБ, при што призна дека тогаш било период неколку изборни циклуси и повикувајќи се на членството во НАТО, имале обврска да направат процена за следење при вакви настани.

„Поаѓајќи од обврските што ги имавме со членството во НАТО алијансата имавме обврска, секогаш при важни настани кои се случуваа во земјата, имавме тука неколку циклуси избори. Исто така, имавме обврска и во поглед на размена на информации со партнерски служби, да правиме проценка во поглед на загрозување на безбедносните состојби во пресрет на случувања на вакви значајни настани“, отворено призна Димовски.

Димовски исто, му ја поби тезата на СДС која ја пласираат денови, и призна дека во таканаречените „делчевски ниви“ нема ништо и тоа не било предмет на работа на агенцијата.

Понатаму во интервјуто, Димовски не негира дека биле следени медиуми, туку оди дури до таму што признава дека новинарот Љупчо Златев биле предмет на обработка.

„Можам да се сетам само за еден новинар којшто беше пријавен од страна на агенцијата заради објавување на класифицирани документи“, додавајќи дека новинарот Златев бил и соодветно процесуиран.

Со сето ова поранешниот директор на АНБ од СДС, Димовски ги призна тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека во време на нивна власт, биле следени и прислушкувани луѓе членови на партијата, меѓу кои и претседателот Христијан Мицкоски, како и новинари, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кузеска до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?
Следна Статија Папата прогласи 15-годишно момче за светец, ова е неговата приказна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Оваа Влада ги уништи оризопроизводителите

Оризот скапува по амбарите, оваа Влада ги уништи оризопроизводителите, обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче во изјава за медиумите. Половина…

July 12, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското…

November 30, 2024
ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Граѓаните по осми пат избираат локална власт

Во земјава денеска се одржуваат осми Локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?