Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши: Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава

Објавено September 8, 2025 09:59
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите граѓани по повод 34-годишнината од осамостојувањето на државата. Во честиката Гаши повикува на обединување околу вредностите на сплотеност и посветеноста за исполнување на аспирациите на земјата.

– Денот на независноста е посебен момент, можност да се потсетиме на големите достигнувања на нашата држава и да не потсети дека независноста не е само подарок, туку завет наследен од минатото, обврска за сегашноста и водич за иднината. Овој завет не обврзува да изградиме силна, демократска и стабилна држава, каде што секој граѓанин без разликa ќе се чувствува еднаков и почитуван, вели Гаши во честитката.

Порачува дека е време секој да придонесе во зајакнување на мирот, стабилноста и соживотот и сите заедно да работиме за посилна, поправедна и пообединета држава.

– Само со сплотеност и заедничка посветеност можеме да ја реализираме визијата за посветла иднина на нашата држава и за идните генерации. Македонија, 34 години по прогласувањето на независноста, е држава која напредуваше во многу аспекти и стекна почит на меѓународната сцена. Како стабилен сојузник на НАТО и како земја кандидат за членство во Европската Унија, ова е момент кој од нас бара да продолжиме со напорите за изградба на побезбедна и посветла иднина за идните генерации, вели Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадиновски по повод 8 Септември: Вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава
Следна Статија Скратена работна недела – реалност и можности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје се избира градоначалник во вториот круг

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, во Вашингтон се разгледуваат и дополнителни санкции

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер денеска на прес-конференција информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје

Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нови недоследности на обвинителката на рочиште во случајот против Жан Митрев

И на денешното судење обвинителката Искра Хаџи Василева продолжи со веќе редовните навреди на одбраната истовремено барајќи од судот да…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?