Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
БАЛКАН

По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица

Објавено September 8, 2025 12:30
Сподели
Сподели

Двајца Грци се уапсени, а во случајот се вклучени уште четири лица, откако по пошта им стигнала пратка од Канада – дрвен сандак со 62 килограми суров канабис со цел понатамошна трговија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека во магацин на фирма во областа Атика, поширокиот регион на Атина, полицајци од Потсекторот за борба против дрога го откриле дрвениот сандак во кој се наоѓале 120 пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 62 килограми.

Потоа, со одобрение од надлежен јавен обвинител и по налог на Координативното тело за борба против дрога, Секторот за борба против дрога спровел контролирана достава на поштенската пратката, при што биле уапсени двете лица, кои се обиделе да ја примат пратката од компанијата за достава во име на другите обвинети.

Освен суровиот канабис, полицијата запленила и 675 евра, еден автомобил и два мобилни телефони, а случајот вклучува уште четири други лица.

Уапсените на возраст од 22 и 27 години ѝ се познати на полицијата поради вмешаност во други случаи и веќе се изведени пред јавен обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето
Следна Статија Кошта: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Опозицијата направи хаос во српското Собрание: Летале боксови, шишиња, шок бомби, пратеничка добила мозочен удар ВИДЕО

Хаос избувна денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми. Пратениците…

March 4, 2025
БАЛКАН

Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син

36-годишен жител на село кај босанскиот град Травник е убиен вчера, а ден по убиството, се дознало дека станува збор…

December 28, 2024
БАЛКАН

Фрлена димна бомба во собранието на Црна Гора на седница на уставниот одбор

На вчерашната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд,…

December 18, 2024
БАЛКАН

Македонскиот јазик е 90% бугарски, коментира грчки европратеник

Грчкиот европратеник од редовите на партијата Нова демократија, Емануил Кефалојанис, на седница на Европскиот парламент рече дека македонскиот јазик е…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?