Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зошто Јапонците немаат проблем со тежината, кожата и депресијата?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Зошто Јапонците немаат проблем со тежината, кожата и депресијата?
ЗДРАВЈЕ

Зошто Јапонците немаат проблем со тежината, кожата и депресијата?

Објавено September 9, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Нова студија открива дека јапонската традиционална исхрана не само што го подобрува физичкиот изглед, туку го намалува ризикот од хронични болести.

Традиционалната јапонска кујна, позната како „вашоку“, се базира на зеленчук, морски алги, тофу, печурки, мисо супа, зелен чај и масна риба, како и ограничено консумирање црвено месо и преработена храна.

Новата студија заснована на исхраната, кај повеќе од 12.000 работоспособни Јапонци во текот на три години покажала дека, оние кои најдоследно го следат овој стил на исхрана, имаат 17-20% помал ризик да развијат депресија, дебелеење или лично незадоволство во споредба со лицата кои имаат лоши навики и поинаков начин на исхрана.

Тајната е во комбинацијата на важните хранливи состојки, како омега-3 масните киселини од рибата, антиоксидансите од зеленчукот и алгите и пробиотиците од ферментираните производи, како мисо супата и тофу-то, како и ниската количина шеќер и заситени масти.

Овие состојки заедно спречуваат воспаленија во телото, ја јакнеат мозочната функција, го подобруваат расположението и го поддржуваат здравото варење на храната, а исто така превенираат депресија.

Јапонската храна подразбира мали порции од разни оброци и навиката позната како „hara hachi bun me“ (престанување со јадење кога си 80% сит). Оваа филозофија помага во одржувањето на нормална телесна тежина, спречува прејадување и го подига нивото на енергија. Токму затоа Јапонците се витки, без брчки на лицето и со оптимална енергија и после 50-тата година од животот.

Јапонската исхрана е едноставна, разновидна и се базира на свежи, минимално обработени состојки. Типичен јапонски појадок вклучува порција варен ориз, мисо супа, парче риба на скара, варен зеленчук и мала порција ферментирани состојки како „натоа“ ( ферментирана соја). За ручек и вечера чести се оброците суши, риба на пареа, супа од морски алги, динстан зеленчук, а како напиток користат зелен чај.

Наместо леб и тестенини консумираат интегрален ориз и нудли од хељда. Вообичаени ужини се едамаме, (млади варени мешунки соја),тофу салати, овошје или супа од алги. Слатки јадат ретко и тоа најчесто се лесни десерти од оризово брашно или црвен грав. Храната се јаде во мали порции со големо внимание и ритуали на благодарност кои допринесуваат за здравиот однос кон истата.

Познато е дека јапонската исхрана на островот Окинава вклучува сладок компир, мешунки и минимална количина месо, што доведува до долговечност и низок индекс на телесна маса кај оваа популација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МАКЕДОНИУМОТ ВО КРУШЕВО ПЛИВА ВО ВОДА Немало ни пари ни кадар за да се санира?! (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш,…

December 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

17. Ноември – Светски ден на предвременото породување

Светскиот ден на предвременото породување, кој се одбележува на 17 ноември, годинава доби историско признание од Светската здравствена организација(СЗО) која…

November 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Огнен Ивановски освои престижна награда за значаен придонес во областа реконструктивна урологија

На годишниот заеднички конгрес на Европската асоцијација на генито-уринарни реконструктивни хирурзи (ESGURS) и Европската асоцијација за андролошка урологија (ESAU), кој…

October 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници

Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина,…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?