Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: До почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата треба да бидат брендирани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: До почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата треба да бидат брендирани
МАКЕДОНИЈА

Томовски: До почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата треба да бидат брендирани

Објавено September 9, 2025 11:05
Сподели
Сподели

Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директроот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Томовски, денеска на прес-конфернеција информираше дека станува збор за околу 7 до 7,5 илјади возила, нагласувајќи дека МВР заклчучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.

-Вчера прославивме 34 години независност и пред тоа слушавме многу пати во овие 34 години дека ќе се брендираат, ќе се спречи онаа можна злоупотреба на сите службени возила за приватни и партиски цели, но тоа не се случило досега. Сега, ние на дело го покажуваме тоа. Им дадовме насока и препорака на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде втор повик. Имаат рок до 15 септември, овој месец да ги брендираат сите возила. Доколку и тоа не го направат, ќе повикаме по трет пат да се брендираат, со цел до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, нагласи Томовски.

Правилникот не предвидува казни, рече Томовски, појаснувајќи дека доколку некои избегнат односно не направат брендирање во рокот до 29 септември тоа ќе мора да го направат со регистрација, кога ќе добијат специјални таблици во боја.

-Тука сте медиумите, тука сме инстититуциите да дадеме со какви возила располага државата, тука е Антикорупциска која веќе има некаков регистар. Да оставиме простор до крајот на неделава, чинам дека сите институции ќе одговорат, изјави Томовски.

Правилникот предвидува да се брендираат сите возила кои што се во сопственост на државата, како што се владините возила, општинските возила, возилата на Јавните претрпијатија и се она што значи доминантна сопственсот на државата.

-Правилникот ќе претрпи мали измени во текот на годинава, бидјеќи ги опфаќа и возилата кои што се за специфични намени, како што се дел од возилата на МВР и дел на Агенцијата за национална безбедност. Тие ќе бидат исклучени од ова брендирање, но сите останати ќе бидат брендирани. Зборуваме најмногу за возила кои го користи администрацијата. Да ќе има дел од МВР кои што ќе бидат исклучени, но дел ќе бидат брендирани, бидејќи ги користи администрацијата, изјави Томовски.

Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули, а први чии возила веќе се брендирани се СОЗР, ТИРЗ, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ќе ве ставам во притвор“, „Ќе ве фрлам од 6-ти кат“: Пет жени претрпеле голгота поради Виш Јавен обвинител – еве ги деталите
Следна Статија (ФОТО) Трогателно сведоштво за штетата на едно семејство од пожарот во Раштак: „Печат очите, пече грлото од пожарот, ама најмногу пече душата…“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Не планираме да ја забраниме употребата на Тик-ток

Опасно е да влеземе во забрана на апликации, како држава што се смета за европска, либерална, демократска и верува во…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,…

January 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?