Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври, МВР ќе ги информира граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври, МВР ќе ги информира граѓаните
Blog

Нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври, МВР ќе ги информира граѓаните

Објавено September 9, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат навремено и целосно информирање на граѓаните за новите правила при патување во ЕУ, што според најавите стапуваат во сила од 12. следниот месец, за да нема застои на патните премини.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска на новинарско прашање посочи дека се во постојана комуникација со европските партнери и оти според првичните најави и сегашната европска регулатива, граѓаните ќе пополнуваат онлајн апликации.

– Разговараме на дневна основа како сето тоа да биде олеснето и подостапно за нашите граѓани. Се согласувам, најголем проблем може да бидат патните премини кај нашите соседи кои се дел од Европската унија. Затоа, наша обврска е да ги информираме граѓаните комплетно, какви апликации треба да поднесат. Според сегашната регулатива, оваа апликација ќе биде онлајн, сето тоа ќе одзема време, ќе биде кратко, но ќе биде со важност од две години. Такви се првичните најави, но кога ќе ги добиеме официјалните  информации од ЕУ ќе бидат споделени со граѓаните. Таа регулатива е на ЕУ а ние сме должни да ја почитуваме, рече Јанев, кој присуствуваше на настан за замена на регистарските таблици на службените возила со нови, специјални, во боја.

Според последните информации, системот за влез/излез (EES) ќе почне на 12 октомври 2025 година. Постепено, во период од шест месеци ќе го имплементираат 29 европски земји (25-те членки на ЕУ дел од Шенген зоната, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а со целосната имплементација да започне од 10 април 2026 година, од кога електронски ќе се пресметуваат деновите на престој. Во овој момент преку вториот систем, ETIAS, не е потребна никаква акција од страна на патниците, а Европската Унија ќе информира дополнително за конкретниот датум за почеток на ETIAS неколку месеци пред неговото лансирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен
Следна Статија Весна Бејби ги „подбра“ градоначалниците: Цеца, Марија… со наши пари! Па генерализираат тоа сакала публиката!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина

Вложувањата во енергетиката се приоритет и од капитално значење. Денес и формално го означуваме почетокот на еден процес кој значи…

February 11, 2025
Blog

Илон Маск го купува Боинг!?

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, познат по своите амбициозни проекти во вселената и производството на електрични автомобили, сега одлучи…

November 3, 2024
Blog

За каснење на тренинг во Барселона казната е 40.000 евра

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го промени системот на казни за играчите кои ја прекршуваат дисциплината. Играчите сега подлежат на…

February 25, 2026

Заборавениот дизајн на батерии на Томас Едисон – научниците го реинвентираат

Научен тим открива нов потенцијал во историски дизајн на батерии, покажувајќи ја иновативноста на класичните технологии

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?