Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дел од Берлин без струја, полицијата се сомнева во напад од екстремисти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Дел од Берлин без струја, полицијата се сомнева во напад од екстремисти
СВЕТ

Дел од Берлин без струја, полицијата се сомнева во напад од екстремисти

Објавено September 9, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Германската полиција се обидува да ја потврди автентичноста на писмо во кое се презема одговорност за подметнат пожар што остави околу 50.000 домаќинства во југоисточен Берлин без електрична енергија.

Според полицијата, текстот објавен денеска на левичарската платформа Indymedia наведува дека нападот бил насочен против научниот парк во населбата Адлерсхоф, каде што се наоѓаат бројни технолошки центри, како и неколку оддели на универзитетот Хумболт во Берлин.

Пожарот, кој избувнал ноќеска кога два далноводни столба во квартот Јоханистал се запалиле, оставил десетици илјади домаќинства без струја, соопшти противпожарната служба.

Првичните истраги укажуваат дека пожарот бил предизвикан од подметнување, изјави утрово портпарол на полицијата.

Пожарот е изгаснат, а крим-полицијата е на лице место за да ја истражи причината за пожарот. Според операторот, иако околу 15.000 домаќинства веќе повторно добиле електрична енергија, може да потрае до утре пред сите да бидат повторно приклучени на мрежата.

Полицијата, исто така, истражува можна врска со плановите на американскиот производител на автомобили Тесла да изгради развоен центар во областа, соопшти портпаролка на полицијата.

Сепак, засега нема конкретни индикации за тоа, додаде таа.

Американскиот производител, кој го управува својот најголем европски погон непосредно надвор од Берлин, минатата недела најави дека планира да изгради нов европски развоен центар во берлинскиот округ Кепеник, кој се наоѓа во близина на областа погодена од денешниот прекин на струја.

Тесла, која се соочува со масовни протести поради плановите за проширување на својата фабрика за производство, досега не ја открила точната локација на идниот објект.

Неколку домови за стари лица, училишта, градинки и трамваи исто така биле погодени од прекините на струја. Полицајци управуваат со сообраќајот на некои места, бидејќи повеќе семафори не работат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лидерите на Хамас го преживеале израелскиот напад во Катар
Следна Статија Хрватскиот туризам во минус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин пристигна во Кина на самитот за безбедност на кој присуствуваат 20 светски лидери: Ќе се спротивстави на Западот

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во кинескиот пристанишен град Тјенџин на регионалниот безбедносен самит за кој Кина очекува дека ќе…

August 31, 2025
СВЕТ

Winapp: Нов командно-линиски алат на Microsoft за програмери

Microsoft претставува иновативна алатка за развој кој ќе го олесни работењето на програмерите

January 24, 2026
СВЕТ

Украина: Најмалку 12 загинати во руските напади со дрон, САД да извршат притисок

Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните…

May 25, 2025
СВЕТ

ДЕТАЛЕН ВОДИЧ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО АМЕРИКА: Што се „свинг“ држави и како тие може да ги одлучат претседателските избори

Изборите во Америка, како и во претходните изборни циклуси, така и оваа година ќе ги одбележат таканаречените „свинг“ држави, односно…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?