Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата
ЕКОНОМИЈА

Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата

Објавено October 15, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Мерката со ограничените профитни маржи на 73 основни прехранбени производи завршува на крајот од месецов.

Во некои маркети е забележано дека недостасуваат продукти кои се опфатени со одлуката.  Производители пак наместо со 10 продолжиле да работат со  маржи кои надминуваат  30 проценти. 

.Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, вели дека законот не дозволува поголеми казни за големите синџири на маркети, а тоа не може да стави ред.

И покрај сите притисоци кои се прават ќе продолжиме да работиме и на крајот секој кој ја прекршил одлуката ќе биде јавно објавен од моја страна. Инспекторите се на терен, но сметам дека паричните казни од 7 до 10 илјади евра се мали со оглед на тоа што станува збор за големи ланци маркети со големи заработки. Уште пред една година побарав да има измени во законот за казните да бидат по ригорозни“, изјави Горан Трајковски за Телма.

За ваквата мерка и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска претходно рече дека не дава резултати и во иднина да не се применува. Одлуката е сложена и институциите немаат капацитет да проверуваат кој ја почитува. Била надгласана од Владата кога ја донела одлуката.

Паралелно на сила е и Законот за нефер трговија кои се очекува да стави крај на проблемите со цените. Но, и овој документ трговците го изигруваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проверете дали сте на списокот: најпаметните хороскопски знаци
Следна Статија Вашингтон пост: Израел ќе го нападне Иран пред 5 ноември, ќе има повеќе напади

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Владата воведува нов систем за избор и следење на капитални проекти

Можност за реализација на јавни инвестиции во вредност од 3,3 милијарди евра во наредните пет години беше презентирана на седница…

April 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Боријан Борозанов: Во Европа 25% од возилата имаат вградени катализатори произведени во Македонија

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е м-р Боријан…

January 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?