Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kакаото благотворнo против деменција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Здрава Исхрана и Нутриција > Kакаото благотворнo против деменција
Здрава Исхрана и Нутриција

Kакаото благотворнo против деменција

Објавено September 10, 2025 15:49
Сподели
Сподели

Пиењето какао може да го забави губењето на меморијата поврзано со возраста кај здравите постари возрасни лица, посочува ново истражување од Медицинскиот центар на американскиот Универзитет Колумбија во Њујорк. Испитувањата биле сосредоточени на дентатниот гирус – клучен дел на хипокампусот во мозокот, одговорен за функцијата на меморијата, којшто обично се намалува со возраста.

Во клиничкото испитување засновано на случаен избор, учесниците на возраст од 50 до 69 години, кои три месеци конзумирале пијалак од какао збогатен со флаваноиди, покажале зголемена активност во оваа област во мозокот и значителни подобрувања во меморијата. Некои дури покажале и способности за меморија слични на оние кај луѓе кои се десетлетија помлади.

Специјалниот напиток од какао ги зачувал природните флаваноиди коишто често се губат за време на редовната обработка на чоколадо – а, тоа всушност, го прави и поделотворен.

Флаваноидите, инаку, се наоѓаат и во чајот, овошјето и зеленчукот, но не сите извори обезбедуваат исти придобивки за мозокот. Истражувачите нагласуваат дека типичните чоколадни производи не треба да го заменат овој десерт поради нивната ниска содржина на флаваноиди и високо ниво шеќер. Ова откритие, според научниците, дава надеж дека исхраната може да го подобри здравјето на мозокот и да помогне во борбата против деменцијата кај повозрасното население.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стршен усмрти 38-годишна жена во Србија
Следна Статија ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здрава Исхрана и Нутриција

Три вида пијалоци кои имаат лош ефект врз здравјето на срцето

ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО во голема мера зависи од нашите дневни избори, а пијалоците што ги консумираме играат важна улога меѓу…

September 6, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Совети од ендокринолог: Четири чекори како да јадеме благо без да се дебелееме

Претерувањето со јадење на слатки е непожелно за секого, без оглед на здравствените или проблемите со тежината, но, тоа не…

June 6, 2026
Здрава Исхрана и Нутриција

7 намирници кои ќе ви го подобрат расположението дури и во најтемните есенски денови

Кратките денови, студот и ретките сончеви зраци кај многумина предизвикуваат замор, безволност и тага. Таканаречениот „есенски блуз“ не е болест,…

September 28, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Шест моќни причини да јадете смокви секој ден

Смоквите се исклучително здраво овошје кое има уникатен, сладок вкус и текстура и е полно со крцкави семки. Свежите смокви…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?