Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите
СПОРТ

Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите

Објавено September 11, 2025 08:10
Сподели
Сподели

Ракометарите на Пелистер со победа ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола македонскиот првак го победи Загреб со 25:23 (13:12).

Натпреварот беше тврд и неизвесен, на крајот пелистерци имаа среќа и ја остварија победата.

Пелистер водеше во текот на целото прво полувреме, најмногу со три гола, но Загреб во ниту еден момент не му дозволи на протигвникот да се одлепи. Со два гола гостите го заклучија првиот дел (13:12).

Стартот на вториот дел им припадна на гостите, со серија од четири гола го презедоа водството (14:16). Пелистер одговори со три гола (19:18), а во последните 10 минути домашните влегоа со предност од три гола (23:20, 24:21).

Сепак Пелистерци дозволија мечот да има драматичен финиш. Пешевски при резултат 24:23 промаши зицер на 24 секунди до крајот. Загреб лошо го одигра последниот напад, Хеидарирад го одбрани шутот на Кларица, а потоа на празен гол погоди, со што ја круниса добрата партија во вториот дел.

Иранскиот голман забележа шест одбрани, додека најефикасни беа Мансков со осум и Кузмановски со шест гола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Сојузникот на Доналд Трамп, Чарли Кирк, застрелан на јавен настан
Следна Статија „Легендарниот Чарли Кирк е мртов“ – се огласи Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

СП одбојка жени: Италија првак повторно по 23 години

Женската одбојкарска репрезентација на Италија ја освои светската титула со триумфот во финалето со 3:2 во сетови (25:23; 13:25; 26:24;…

September 7, 2025
СПОРТ

Веќе не важи она „фудбалот е игра во која најчесто победува Германија“

– Репрезентацијата на Парагвај го направи првото големо изненадување на Мундијалот откако по изведување на пенали со 4:3 – 1:1…

June 30, 2026
СПОРТ

Дончиќ мора да ослабне ако сака да добие 230 милиони долари

Лука Дончиќ мора да ослабне ако сака да добие 230 милиони долари во ЛА Лејкерс. Тој во моментов тежи 122…

May 29, 2025
СПОРТ

На француските навивачи полицијата им беше виновна за поразот

Големи нереди во Франција по синоќешниот пораз од Шпанија. Навивачите во Париз и Лион се пресметаа со полицијата. Погледнете кој…

July 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?