Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело
БАЛКАН

Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело

Објавено September 11, 2025 10:48
Сподели
Сподели

Хрватска влегува во една од најобемните промени во својата законска рамка во градежништвото и просторното планирање во последната деценија.

Се менуваат законите за градење и за просторно планирање кои треба да ја олеснат изградбата, но многу позначајно е тоа што се планира  нелегалното градење да стане кривично дело. За тоа се планирани измени на Кривичниот законик, кои, според хрватските медиуми ќе се случат следната година.

Досега  само нелегалната градба во заштитени природни подрачја беше кривично дело, казниво со 6 месеци до две години затвор. Сите други беа сведени на прекршоци и парични казни.

Министерството за просторно планирање и градежништво, како и Министерството за правда, потврдија дека секоја дивоградба ќе биде кривично дело.

– Ова е веќе договорено како дел од усвојувањето на европската директива за заштита на животната средина, која ќе се имплементира во Кривичниот законик следната година. Не би зборувал за пропишаните казни засега, но важно е сите дивоградби да бидат вклучени во Кривичниот законик и да добијат обвинение – вели  соговорник на хрватски медиум. 

Треба да се претпостави дека заради превенција, ќе бидат предложени затворски казни бидејќи казните досега не го спречиле нелегалното градење.

Директивата е исклучително строга. Таа, исто така, предвидува формирање на посебни оддели кои би се занимавале со кривични дела против животната средина.

Нелегалните градители не би можеле да се кандидираат за никаква јавна функција или да бидат назначени. Тие и нивните компании нема да можат да учествуваат на тендери и со тоа да имаат пристап до јавни пари.

Измените на  Законот за градење предвидуваат со која се поедноставува, дигитализира и забрзува издавањето градежни дозволи е во јавна консултација, но во исто време се предвидува дека пред да се издаде дозволата, службените лица мора да излезат на терен. Во случај некој да започнал да гради пред да добие дозвола, казните се 4.000 евра за помали згради, 15.000 евра за станбени згради и еден процент од вредноста на работите за други згради. Треба да се усвои до крајот на годината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла, имам решение на проблемот со депонијата
Следна Статија Проф. д-р Марија Срцева избрана за претседателка на Здравствениот совет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото,…

May 14, 2025
БАЛКАН

Во Белград и Нови Сад, билборди со пораката „Среќен роденден, претседателе Лукашенко“

Денес, во главниот град на Србија, Белград, и во вториот по големина град Нови Сад, осамнаа со билборди со честитки…

August 31, 2025
БАЛКАН

Политичар почина на плажа на Халкидики

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно…

August 22, 2025
БАЛКАН

Грчкиот парламент го усвои законот за 13-часовен работен ден

Законот, кој им овозможува на работодавците да воведат 13-часовен работен ден, поголем од сегашните осум, има за цел да го…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?