Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
ЕКОНОМИЈА

Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола

Објавено September 11, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Српската Алта Банка и официјално може да настапи со понуда за купување на Стопанска банка Битола, по цена за акција од 3.777 денари откако доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 65-тата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ М-р Бујаре Абази донесе Решение со кое на “АЛТА БАНКА” АД Белград, Р. Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на “Стопанска банка” АД Битола. Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои ги поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100% од нејзината основна главнина. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.777 денари по акција.

Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од ”Стопанска банка“ АД Битола. При тоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола“, се вели во објавата од 65-та седница на Комисијата за хартии од вредност.

Понудата ќе се смета за успешна, доколку акционерите на Банката продадат минимум 70,03 отсто од акциите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФБИ пронајде пушка, чевли и отпечатоци од напаѓачот на Кирк
Следна Статија Бројот на странски туристи зголемен за 15 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Речиси сите банки прифатија да ги кредитираат компаниите од унгарскиот заем

Речиси сити банки прифатиле да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем, а со кои треба да се кредитираат…

November 27, 2024

Пазар на акции: Nasdaq забележа пад; AMD се намалува по извештајот за заработувачка

Преглед на тековните движења на финансиските пазари и влијанието врз технолошкиот сектор

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу лидерите во регионот – Раст на патници и нови авиолинии

Меѓународен аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид остануваат меѓу водечките аеродроми во регионот, со значителен раст на патници…

April 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

На чекор сме до дигитален паричник

Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда. Изгласани се Законот за електронските комуникации,…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?