Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци
СВЕТ

Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци

Објавено September 12, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред новинарите дека „едноставно мора да ги победиме до бесвест“ „радикалните левичарски лудаци“, по убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк.

Трамп зборуваше на јужниот тревник на Белата куќа, пред заминувањето за Њујорк, одговарајќи на прашања за неговата порака до конзервативците кои се чувствуваат нападнати од радикални групи.

– Мора да бидеме храбри во животот. Имаме голема земја, но има радикални левичарски лудици, кои мора во целост да ги победиме, рече Трамп, пренесува Политико.

Тој додаде дека сепак ги повикува своите поддржувачи на ненасилен одговор, нагласувајќи дека самиот Кирк бил застапник на ненасилство.

– Така би сакал да одговорат луѓето. Тој секогаш велеше дека е за ненасилство, истакна Трамп.

Кирк во минатото предупредуваше дека неговите јавни настапи често биле откажувани поради закани од „Антифа и екстремни левичарски активисти“.

Тој беше убиен завчера на 31-годишна возраст, во напад за време на универзитетски настан во Орем, Јута, што ја потресе американската јавност. Напаѓачот сè уште не е уапсен, а мотивот за убиството е непознат.

По нападот, Трамп сними видео-обраќање од Овалната соба, во кое го пофали Кирк и ја обвини „радикалната левица“ за неговата смрт. Тој посочи дека Кирк бил споредуван со „нацисти и најлоши масовни убијци“, обвинувајќи дека таквата реторика води до насилство.

– Овој вид реторика е директно одговорен за тероризмот што денес го гледаме во нашата земја, изјави претседателот во триминутното видео.

Трамп најави дека администрацијата ќе ги идентификува „организациите што финансирале и поддржувале политичко насилство“, без да прецизира кои групи се во прашање. Како примери ги наведе обидот за атентат врз него во Батлер, Пенсилванија, нападите врз агенти на Имиграциската служба, убиството на извршниот директор на „Јунајтед Хелткер“ Брајан Томпсон во Менхетен и пукањето во 2017 година кога беше ранет републиканскиот конгресмен Стив Скалиес.

– Имаме група радикални левичарски лудици. Апсолутни лудици. И ќе го решиме тој проблем, додаде Трамп.

Тој посочи дека истрагата за убиството на Кирк брзо напредува и објави дека посмртно ќе му биде доделен Претседателски медал на слободата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании
Следна Статија Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен: Сакам да верувам во правда и дека конечно бандата на СЈО ќе се распадне

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Низ Берлин се палат „Тесла“ возила

Непознати сторители запалиле четири автомобили „Тесла“ на подрачјето на Берлин, а полицијата смета дека станува збор за криминални дела со…

March 14, 2025
СВЕТ

(Видео) Се судрија патнички и товарен брод за време на премин низ Босфорот, осум лица повредени

Осум лица се повредени во судир меѓу патничкиот брод „Камил Сајин“ и бродот за сув товар „Артвин“, за време на…

September 20, 2025
СВЕТ

Најмалку 24 загинати во пожарите во Лос Анџелес

Најмалку 24 луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат да ја пустошат областа Лос Анџелес во американската сојузна држава…

January 13, 2025
СВЕТ

Синот осомничен за убиството на таткото. Кои се децата на основачот на Манго?

Џонатан Андик, син на Исак Андик, основачот на Манго, стана осомничен во истрагата за смртта на неговиот татко. По смртта…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?