Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Максим Димитриевски поднесе кандидатура за нов мандат за градоначалник на општина Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Максим Димитриевски поднесе кандидатура за нов мандат за градоначалник на општина Куманово
ПОЛИТИКА

Максим Димитриевски поднесе кандидатура за нов мандат за градоначалник на општина Куманово

Објавено September 12, 2025 18:50
Сподели
Сподели

Актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски денеска поднесе кандидатура до општинската изборна комисија за нов мандат. Носител на кандидатската листа на советници е актуелната претседателка на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска. Претседателот на општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, Даниел Стојчевски ќе биде шеф на општинскиот изборен штаб на партијата.

– За мене е чест да добијам кандидатура за градоначалник од политичката партија каде што припаѓам, тоа е Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Куманово заслужува континуитет да продолжи да се развива и расте, да се средува. Горд сум што стојам пред овие млади, перспективни, докажани луѓе од различни области, од различни делови од градот коишто ќе бидат составен дел на нашата кандидатска листа. Во оваа прилика сакам да им честитам на кандидатурите на сите мои против кандидати и сите кандидати за советници, а воедно исто така да посакам граѓаните да го направат вистинскиот избор на 19 Октомври. Верувам дека граѓаните на Куманово ќе дадат поддршка на континуитет бидејќи Куманово почна да се менува и заслужува да се промени во целост и како град и како инфраструктура но и во делот на нашите секојдневни навики, рече Димитриевски.

Носителката на листата, Ивана Ѓорѓиевска рече дека како претседател на совет постојано била во комуникација со граѓаните на терен.

– Јас сум позната како претседател кој многу ретко носи штикли, напротив сум во патики и постојано на терен со граѓаните. За мене таа функција беше многу голем предизвик, се надевам дека истиот, можеби подобар успех ќе успееме да освоиме на претстојните локални избори. Зад мене се советници актуелни советници кои се наоѓаат на советничка листа која ја испланиравме за овие локални избори, меѓутоа и многу нови луѓе кои се луѓе од народот, изјави Ѓорѓиевска.

Таа кажа дека е привилегија што има млади луѓе, истакна дека и претходно имала коректен однос со советниците од различните партии.

– Најавувам дека таквиот однос ќе остане и на овие локални избори, дека ќе водам заедно со советниците, заедно со градоначалникот, исклучително позитивна кампања, затоа што на крајот на денот само за граѓаните се работи. Да не дозволиме да ги скараме граѓаните поради политиката. Кумановци се мој приоритет, отсекогаш биле и ќе останат така и во кампањата и како советник на Совет на Општина Куманово, рече Ѓорѓиевска.

Претседателот на општинската организација, Даниел Стојчески, кажа дека и по одлука на партијата едногласно било одлучено дека на претстојните локални извори кандидат за градоначалник ќе биде повторно и актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, дека ќе добие поддршка од коалицискиот партнер, ВМРО ДПМНЕ.

– Во однос на листата за советници ќе имаме своја листа за советници наши кандидати тоа се луѓе коишто се реализирани во областите во коишто делуваат млади луѓе водевме сметка за полова застапеност регионална застапеност ќе бидете изненадени колку млади луѓе има на нашата листа и пред сè овие луѓе се мотивирани да работат затворат и да придонесат Куманово да биде поубава и помодерна односно европска општина, рече Стојчевски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Полјаците се до гуша во војна
Следна Статија По четири мандати како градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски сега е кандидат на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

СДСМ остро ја критикува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска поради, како што велат, целосен колапс…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: Пендаровски ако не може или не сака да ѝ помага на Македонија, барем нека не ѝ одмага

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го обвини поранешниот претседател Стево Пендаровски за неодржување доследност во своите ставови, особено во врска…

March 9, 2025
ПОЛИТИКА

По четири мандати како градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски сега е кандидат на СДСМ

Поранешниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски повторно ќе ја бара довербата на жителите, овојпат како кандидат за градоначалник на…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор

Непречено и без никакви проблеми и недоследности се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?