Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, секогаш е гласна за општествените проблеми. Така е и овој пат, во однос на прашањето со хигиената во Скопје.
Направи, како што вели „чиста споредба“ меѓу Скопје и Белград!
– Булевар „Књаз Милош“ во Белград и ул.Рузвелтова во Скопје. Чисто споредбено. Барем чиста е споредбата покрај толку валканици. И немој повторно некој да ми влезе во ,,дворот” (мојот Фб профил) и да ми истура ,,ѓубре” (навредливи зборови) кога објавувам рилс како се чисти контејнерите во еден милионски град како Белград и дека ќе си пукнам од мака што и кај нас не е така!!! – сподели таа на својот фејсбук профил.