Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија го добива првиот Водич за перименопауза – историски исчекор кон системска грижа за женското здравје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Македонија го добива првиот Водич за перименопауза – историски исчекор кон системска грижа за женското здравје
ЗДРАВЈЕ

Македонија го добива првиот Водич за перименопауза – историски исчекор кон системска грижа за женското здравје

Објавено September 13, 2025 16:03
Сподели
Сподели

За првпат во Македонија, жените и здравствените професионалци добиваат Водич кој се базирана на медицина заснована на докази кој на јасен и практичен начин дава насоки за препознавање, третман и поддршка во периодот на перименопаузата.

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, денеска на XXI Конгрес на Македонското лекарско друштво пред македонската стручна јавност го претставија Првиот национален Водич за перименопауза – резултат на повеќемесечна работа на мултидисциплинарна експертска група.

Перименопаузата е фаза низ која поминува секоја жена, но до денес во Македонија таа не беше препознаена на институционално ниво, ниту пак постоеја стандарди за тоа како да се третираат симптомите или да се обезбеди соодветна поддршка. Со овој Водич, за првпат се воспоставуваат јасни и унифицирани насоки за матичните гинеколози и семејните лекари, со цел жените да добијат навремена и квалитетна грижа.

Во период кога бројот на жени во перименопауза и постменопауза расте – глобално достигнувајќи над 1,2 милијарди – Водичот за перименопауза претставува одговор на сериозните предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како што се зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања, остеопороза, когнитивен пад и други хронични состојби.

„ХЕРА ја иницираше соработката со МАГО затоа што веруваме дека преку медицина базирана на докази и мултидисциплинарен пристап можеме да го подобриме пристапот до грижа за жените во перименопауза. Овој Водич е прв системски чекор во таа насока.“ – изјави Весна Матевска од ХЕРА.

Водичот содржи систематизирани насоки за:

· рано препознавање и соодветен третман на симптомите,

· едукација на здравствените работници од примарното и секундарното ниво,

· подобрување на информираноста и поддршката на пациентките,

· воспоставување мултидисциплинарен пристап во третманот,

· унапредување на пристапноста до услуги за сите жени.

„Водичот за перименопауза дава основни насоки да не потсети како здравствени работници и соработници кои се симптоми и болести може да настанот во периодот на перименопаузата. Меѓутоа и да помогне на здравствените работници со сите анекси и прашалници, кои ќе бидат од најголема корсит за пациентките кои доаѓаат на преглед кај своите матични лекари и гинеколози“ – изјави проф. д-р Глигор Тофоски.

Со овој Водич, Македонија воспоставува први јасни стандарди за системска грижа за жените во перименопауза.

На денешниот настан свои изјави дадоа:

· Проф. д-р Глигор Тофоски – специјалист по гинекологија и акушерство,

· Проф. д-р Катарина Ставриќ – Претседателка на катедра по семејна медицина,

· Спец. д-р Борислава Спировска – матичен гинеколог,

· Весна Матевска – програмска раководителка во ХЕРА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски официјално е кандидат за градоначалник на Скопје: Ќе го изградиме градот кој ќе биде нашата гордост
Следна Статија Многу Германци позајмуваат пари, за да ги покријат секојдневните трошоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Храна што луѓето над 50 години треба да ја јадат еднаш неделно

Зајакнувањето на вашиот имунолошки систем е важно за секого, но станува уште поважно по 50-годишна возраст бидејќи ризикот од сериозни…

January 5, 2026
ЗДРАВЈЕ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на…

May 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Први симптоми на дијабетес, не ги игнорирајте

Дијабетесот може да предизвика низа компликации ако не се открие навреме. Многу е важно да го препознаете што е можно…

July 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања

Доколку сакате колоноскопија со анестезија дојдете после 14 часот на приватно, доколку не, може на државно, се жалат пациентите од…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?