Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени се четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени се четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
ХРОНИКА

Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени се четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки

Објавено September 14, 2025 16:41
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски апелира да се следат препораките од институциите по пожарот во Трубарево, по чие избувнување потврди дека се приведени четири лица. Повикувајќи се на последните мерења од Армијата и Институтот за јавно здравје, Мицкоски посочи дека нема вонредно големо загадување. Уверува дека се преземени сите мерки и оти така ќе биде и во наредните денови.

– Приведени се четири лица. Истрагата е во тек. Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи и Обвинителство, изјави Мицкоски, кој денеска го посети местото каде што вчера околу 14 часот избувна пожар во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.

Премиерот попладнево од Трубарево посочи дека секој треба да ги следи препораките од институциите и најави дека сите кои се наоѓаат во периметарот на пожарот ќе бидат евакуирани и згрижени.

– Последните мерења што ги прават и Армијата и Институтот за јавно здравје велат дека немаме вонредно големо загадување. Ако вчера беше на мерна единица помеѓу осум и девет, сега е меѓу пет и шест, повторно има, но не е вонредно големо загадување. Зборувам во периметар од 100 метри околу местото каде што се случи пожарот, рече Мицкоски.

Прашан дали ќе побара одговорност од министерот за животна средина Изет Меџити по објавите за негови предизборни партиски активности откако избувна пожарот, рече дека цело време имале комуникација и оти се преземени сите мерки.

– Со Меџити бев цело време на линија и јас вчера. И тој беше на линија со сите министри и Управувачкиот комитет, така што буквално сите мерки беа преземени во текот на вчерашниот ден. И денеска и ќе бидат преземени и во деновите што следат. Да се намали тензијата, нема потреба од паника, работата е целосно под контрола, изјави Мицкоски.

Се планира поголема контрола и на други места со вакви капацитети, како што нагласи, врз основа на ресурсите со кои располагаат.

– Апсолутно да. Да располагавме со функционални беспилотни летала ова немаше да се случи. За жал, државата е уништувана изминатите седум години што би рекол „до балчак“, рече премиерот на новинарско прашање.

Во однос на чекорите што ги презема Владата за подобар систем за управување со отпад, потсети дека е распишан повик за регионална депонија за сметот во југоисточниот дел на државата, почната е продецедура за депонија за смет во југозападниот дел, а наведе и дека „се придвижил процесот за пречистителна станица во Битола, Тетово, Скопје и уште многу други работи“.

– За жал, во минатото речиси ништо не е направено по тоа прашање, но ние ќе продолжиме да рабтиме по тоа прашање. Не ги исклучувам диверизиите и во периодот што следи. Такви се извештаите што ги добиваме. Има многу центри на моќ и во државата и надвор. Има многу центри на моќ и во државата и надвор кои не сакаат оваа влада да успее. Има многу центри на моќ дома и надвор кои ќе продолжат да креираат, да шпекулираат, да лешинарат, но ќе повторам – без паника, ќе се бориме и ќе победиме, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Има тешко повредени: Сообраќајна несреќа на регионален пат Тетово-Јажинце
Следна Статија На грчка плажа волк нападнал петгодишно девојче од Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Групата на Штекли се криела во бункери под земја

Групата на Раде Трајковски-Штекли се гони за трговија со кокаин и марихуана, соошти денеска Обвинителството за организиран криминал. Тие се…

May 27, 2025
ХРОНИКА

Почина Александар Карадаковски, управителот на дискотеката Пулс во Кочани

Трагедијата од Кочани ја зема и 60-тата жртва. Почина Александар Карадаковски, кој што бил управител на МММ Кафе дооел, кој…

April 4, 2025
ХРОНИКА

Трагедија: Загинаа маж и 20-годишно момче на патот Ресен – Битола

Момче од Охрид на 20-годишна возраст е втора жртва во големата сообраќајна трагедија што се случи денеска попладнето на патот…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски запали свеќи на гробовите на загинатите во Кочани, за родителите неговиот потег е човечки и достоинствен

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Кочани ги посети и гробиштата, каде запали свеќи на гробовите на загинатите во пожарот кој…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?